-Со оваа диета нема да бидете гладни, не мора да јадете само трипати дневно, не треба да ја мерите храната и посебно да ги приготвувате оброците, не мора да пиете чаеви или таблети против апетит, не мора да трчате или да одите на акупунктура

Најпрво да ја разрешиме енигмата зошто постојат толку голем број називи за една иста диета.

Одговорот е едноставен: Оваа диета се состои од внес на намирници кои содржат голема количина на протеини, со едвај забележлив процент на јаглени хидрати (оттука името: Протеинска и Диета без јаглени хидрати).

Што се однесува до Аткинс, Аткинсон и Еткинсон – се’ се ова зборови произлезени од презимето на „пронаоѓачот“ на оваа диета (д-р Robert Atkins).

Во секој случај називот на оваа диета е: Аткинсова диета. Како и да е, станува збор за една иста диета со повеќе имиња која е наменета за лица кои би требало да изгубат поголем број килограми.

Диетата се состои од три фаза. Исто така постои и четврта фаза која всушност е фаза во која треба да се одржува постигнатото.

-Во првата фаза се ограничува внесот на јаглехидратите на само 20 грама дневно. Должината на оваа фаза е две седмици.

-Во втората фаза доаѓа до постепено воведување на јаглехидратите, особено преку зеленчукот;

-Во третата фаза се формира оптималната количина на јаглехидратите кои лицето би можело да ги внесува подолг период, а да нема проблем со тежината.

На лицата кои ја држеле оваа диета им се советува и по нејзиниот престанок, да продолжат со ограничен внес на јаглени хидрати, и тоа е четвртата фаза.

ТЕОРИЈА

Кога се елиминираат јаглехидратите од дневните оброци, црниот дроб ги претвора масните наслаги во глукоза, а дополнителни производи од оваа синтеза се токсичните кетони.

Кетоните го потиснуваат апетитот со што помалку се јаде, па настапува губиток на телесната маса.

Бидејќи низ диетата не е разгледан внесот на витамини и минерали, авторот на диетата препорачува консумирање на витамински суплементи кои ќе го надоместат очигледниот дефицит на витамини и минерали.

Во оваа диета внесот на протеини не е ограничен. Без ограничување може да се јаде месо, риба и јајца. Сирење, зеленчук, маслинки, масла и масти се јадат во ограничени количини, а алкохолни пијалаци, шеќер, овошје, млеко, јогурт, житарици, производи од брашно и слатки се целосно забранети.

ПРАКСА

1.ФАЗА

Целта во првата фаза од диетата е промена на метаболизмот. Внесот на јаглени хидрати се ограничува на 20 грама дневно. Како практично тоа изгледа? Па на пример, за појадок можете да изедете омлет од две јајца со шунка или сланина, за ручек месо на скара, а за вечера варена риба. Првата фаза трае 14 дена.

2.ФАЗА

Подразбира губиток на телесната маса од масните залихи. Дневниот внес на јаглени хидрати е ограничен на 15 до 40 грама. Тоа значи: месо, зеленчук (со ниска содржина на јаглехидрати), и тоа е тоа…

3.ФАЗА

Постепено воведување на јаглехидратите, но сепак се ограничени на максимални 60 грама, чие ограничување се пренесува и во 4.фаза, за одржување на постигнатата тежина.

КОМЕНТАР

Поради намалениот внес на јаглехидрати (Д-р Аткинс на сите луѓе им препорачува внес од максимални 60 г дневно), оваа диета предизвика бројни контроверзии.

Некои истражувања покажаа дека долготрајното спроведување на оваа диета би можело да влијае врз психичкото здравје и да предизвика мрзоволност, умор и безволност.

Ваквите симптоми се особено видливи кај жените, кај кои променливото расположение е најинтензивно. Исто така, постои ризик од зголемени триглицериди во крвта, како и зголемено ниво на заситени масни киселини.

Покрај тоа, првата, воведна фаза на оваа диета, може да предизвика проблеми кај лица кои вообичаено консумираат поголема количина на јаглени хидрати, или кај луѓе кои патат од хипогликемија, бидејќи нивното тело не може толку брзо да произведе глукоза за да се задоволат потребите на мозокот и мускулите, што резултира со ненадеен умор или несвестица.

Од друга страна, едно друго истражување покажало дека Аткинсовата диета била најделотворна за губење на килограмите во споредба со други три контролни диетни режими на исхрана.

АТКИНСОВА ДИЕТА- ИНТЕРНЕТ ВЕРЗИЈА ОД СПОДЕЛЕНИ ИСКУСТВА

„Оваа диета се состои во тоа да се исклучи внесот на јаглени хидрати во организмот и на тој начин да му се помогне на телото да се исчисти од масните наслаги –салото.

Со оваа диета нема да бидете гладни, не мора да јадете само трипати дневно, не треба да ја мерите храната и посебно да ги приготвувате оброците, не мора да пиете чаеви или таблети против апетит, не мора да трчате или да одите на акупунктура.“

Како делува?

Со целосно исклучување на јаглехидратите, нашите масни наслаги започнуваат да се топат. Со првите 6 дена губите 5 кг, а секој следен ден сте полесни за 1 кг. За 24 дена можете да изгубите до 20 кг!

НО ВНИМАВАЈТЕ! Ако само еден ден изедете мало парче леб или било каква ситница која содржи јаглени хидрати, организмот ќе го блокира топењето на масните наслаги.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ ХРАНА КОЈА СОДРЖИ ЈАГЛЕНИ ХИДРАТИ

Оваа диета можете да ја држите онолку денови колку што сакате да ослабите. Кога ќе ја постигнете посакуваната тежина, организмот нема да добива на килажа извесно време, дури година-две.

Внимание: Оваа диета не е за секој! Поради многу протеини, лица со здравствени проблеми, би требало да консултираат лекар пред почеток на диетата.

ЗАБРАНЕТО:

Леб, компир, брашно, ориз, соја, грашок, презли, похувано месо, тестенини, кикирики, мушмули, лешник, виршли, запршка, маргарин, шлаг, шеќер, чоколадо, разни закуски солени и слатки, сирење, ништо од овошје…
ОГРАНИЧЕНО – МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ

Млеко, путер, кисело млеко и павлака, јогурт

За да се надокнади дефицитот од витамини кој ќе настане поради исклучување на горенаведените намирници, консумирајте суплементи и тоа: витамин Ц, Е, А, Б, калциум и магнезиум.

ХРАНА КОЈА МОЖЕТЕ ДА ЈА ЈАДЕТЕ

-Сите видови месо: јунешко, пилешко, телешко, јагнешко, гускино, паткино, мисиркино, сите видови внатрешни органи, дивеч на сите начини освен похувано, варено, печено, скара, а може да јадете и чварки но без леб, суво месо, колбаси освен виршли, сите видови месен нарезок.

-Сите видови риба: морска, слатководна, сите видови рибни конзерви.

-Сите видови салати: свежа салата, пиперки свежи или печени, домати, краставица, зеље, салата од морски плодови, салата од кромид, свеж спанаќ. Сите салати зачинувајте ги со масло, оцет, сол, пипер…ајвар, по желба.

-Јајца: можете да јадете јајца приготвени на сите можни начини.

-Зеленчук: карфиол, блитва, спанаќ, праз, кељ, кромид, зеље, аспарагус, моркови, магдонос, целер, ротквици, печурки.
-Млеко и млечни производи:
Под услов, количината на јаглехидратите во вкупен збирен износ да не биде поголем од 15 грама дневно.

-Дозволени пијалаци: минерална вода, лимон, црно кафе, сите видови чај без шеќер, 500 мл бело вино но после 6 дена од диетата. Наместо шеќер користете вештачки засладувачи.