Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти: Комбинации со мед кои ќе го подобрат вашиот имунитет. Медена комбинација за силен имунитет – потребно е 5 мин за да се направи
Потребни состојки: 500 мл мед, 100 г ореви, 100 г бадеми, 100 г сува брусница, 1 лимон, 50 г лешници, 50 г индиски ореви.
Постапка: Лимонот добро измијте го и истријте го сода бикарбона, па исплакнете го под млаз ладна вода. Исечете го на парчиња заедно со кората и отстранете ги семките.
Во блендер ставете го исечениот лимон и додадете 100 г ореви, 100 г бадеми, 5о г лешници и 50 г индиски ореви. Сомелете ги состојките додека убаво да се соединат.
Смесата истурете ја во посебен сад, а во блендерот ставете 100 г сува брусница, па неа сомелете ја. Додадете ја во претходната смеса, прелијте со 500 мл течен мед и убаво промешајте додека да се изедначат состојките.
Добиената смеса складирајте ја во стаклена тегла и чувајте во фриидер. Возрасни консумираат по една супена лажица наутро и навечер, а деца над три години по една лажичка дневно. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
II РЕЦЕПТ – Рецепт-чудо за имунитет: Направете зимница во тегла од ѓумбир, лимон и мед за да зајакнете оваа зима / Фотографија и рецепт на Зорка Јанчева
Сега е вистинско време да се подготви овој лек за зајакнување на имунитетот кој ќе ве заштити од настинки и вирози. Оваа смеса е чудо, штом залади направете ја за да бидете заштитени.
Потребни состојки: 1 кг свеж корен од ѓумбир, 1 кг мед или по вкус, 4 големи и сочни лимони
Постапка: Лимоните убаво измијте ги и оставете ги во вода со малку сода бикрбона. Потоа истријте ги добро и исплакнете ги под млаз ладна вода. Исечете ги на тркалца за полесно да им се извадат семките.
Потоа исечете го на и на поситни парчиња, па убаво сомелете го во блендер, да добиете каша. Ѓумбирот исто така измијте го убаво, па излупете го и сомелете го.
Мелените лимон и ѓумбир соединете ги со медот и убаво промешајте за да добиете изедначена смеса. Складирајте во стерилизирани стаклени тегли и чувајте во фрижидер.
Употреба: Секое утро на гладен стомак по една супена лажица. Многу е вкусно и убаво, го загрева телото и му дава полетна енергија. Бидете здрави! / Фотографија и рецепт на Зорка Јанчева