За 5 минути го замесувам тестото, правам топчиња и ги печам…многу вкусни РАСПУКАНКИ чајни колачи…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

250 г маргарин/путер на собна Т
1 чаша шеќер во прав (140 грама)
2 јајца
1 кесичка ванила (5 грама)
1 кесичка прашок за печиво (10 грама)
4 чаши скроб/нишесте/густин (400 грама)
1 чаша брашно (100 г, се додава постепено)

ПОСТАПКА:

Соединете ги путерот, јајцата и шеќерот во прав, па додајте го сробот. На крај постепено додајте го брашното помешано со прашокот за печиво и замесете меко, нелепливо тесто кое лесно се обликува со раце.

Тестото е потребно добро да се измеси на работна маса. Правете мали топчиња, редете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени додека малку да заруменат. Постапката погледнете ја ОВДЕ: