Оваа диета е без конкуренција: доколку правилно се придржувате, за само 14 дена ќе го прочистите вашето тело од сите токсини, ќе го подмладите за 5 години и ќе стопите 8 килограми вишок телесна маса.

Покрај сите овие одлични работи, како да не се доволни, но списокот на бенефити продолжува: ќе ви помогне кај лошо спиење, тахикардии и неправилна работа на срцето и нервоза.

Кофеинот кој го содржи чајот е силен антиоксидант кој ја подмладува кожата и го намалува нивото на шеќер. Чајот се приготвува на специјален начин и е основа на оваа диета. Затоа и се нарекува “чај-диета”.

Трае 14 дена, а се заснова на режим кој подразбира умерена исхрана, редовно вежбање и огромни количини чај по избор.

Во многу култури ширум светот чајот се користи како “чистач” на организмот кој ги исфрла штетните материи. Меѓутоа, кога велиме чај мислиме на црн, зелен и бел чај, кои содржат иста количина на кофеин како и кафето, но нивните антиоксидативни својства се посилни. Тие се моќно средство против вишокот килограми, па покрај оваа диета за две седмици можат да стопат дури 8 килограми!

ПРИМЕР МЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН

Појадок: парфе од зелен чај (се приготвува на следниот начин: во нискомаслен јогурт се мати половина лажичка зелен чај во прав и една лажица ленено семе) и 250 мл чај по избор.

Ужина: парче пита од јаболка, лажица шлаг без масти и шеќер, чај.

Ручек: пилешко месо на скара или приготвено без масти, салата од зеленчук и 250 мл чај.

Ужина: шолја варена соја (или друга замена) и 250 мл чај.

Вечера: плескавица од мисиркино месо, зелена салата, пченка, круша и 250 мл чај.

Напомена: Во текот на оваа диета не смеете да пиете кафе или газирани пијалаци кои содржат кофеин.