Експертите велат дека многу луѓе патат од болки во грбот, колената, нозете, рачните и скочните зглобови – особено повозрасните лица.
За жал, постојат бројни здравствени состојби кои предизвикуваат болки во зглобовите како остеоартритис, ревматоиден артритис, бурзитис, гихт, дислокација и разни други повреди.
Кога постои повреда на некој зглоб, особено во грбот, во голема мера е отежнато секојдневното нормално живеење и функционирање. Со болки во грбот многу е тешко седнување, станувањето, движењето, па дури и стоењето.
Некои типови болки во нозете се поврзуваат со проблеми во долниот дел од ‘рбетот, а може да се појават поради лоша циркулација, прекумерен притисок и дирекна повреда на зглобовите, коските, лигаментите, тетивите или друго меко тркиво.
Ова е рецепт за едно доста едноставно а ефикасно масло со чија помош може да се третираат болните зглобови или болките во грбот. За 15 минути доаѓа до зголемување на микроциркулацијата, поголема размена на материите во ткивото и олеснување на болките.
Потребни состојки:
1 лажица кајенска или лута црвена зачинска пиперка во прав
50 мл маслиново масло
Постапка:
Маслиновото масло малку загрејте го, колку да стане издржливо топло, а потоа додете ја црвената пиперка во прав и мешајте додека целосно да се изедначат.
Маслото нанесете го на болниот зглоб или грбот и фиксирајте со проѕирна фолија и шал. После 15 минути исплакнете сомлака вода. Ќе се чувствувате добро уште при првото нанесување. Повторете ја постапката 2-3 пати додека целосно да исчезне болката.
КАКО ФУНКЦИОНИРА?
Капсаицинот кој се содржи во кајенскиот пипер го исцрпува невротрансмитерот по име “супстанција П” заслужен за испраќање на сигнали за болка до мозокот.
Значи кога ќе се блокира П, мозокот не регистрира дека нешто боли, па лицето не чувствува болка.
ПОСЕТЕТЕ ЛЕКАР ДОКОЛКУ:
-Имате температура која не е поврзана со симптоми на грип;
-Сте ослабеле околу 5 килограми или повеќе без диета или вежбање;
-Вашите болки во зглобовите траат подолго од три дена;
-Имате силни, необјасниви болки во зглобовите.
Исто така, не треба да се грижите доколку почувствувате топлина и пецкање после првата употреба. Тоа чувство ќе исчезне после 5 минути.
Доколку имате чувствителна кожа, ова масло користете го со внимателност. Секогаш носете ракавици додека ракувате со лутиот пипер во прав и одбегнувајте било каков контакт со очите. Не го нанесувајте на отворени рани.