Каков е вашиот коментар за овој природен третман против целулит? Доколку сте го испробале, споделете го вашето искуство и мислење!

Станува збор за прашок кој пред сè е евтин а се користи за чистење на куќата, во козметички цели но и како лек. Тоа е популарната сода бикарбона.

ПОБЕДЕТЕ ГО ЦЕЛУЛИТОТ

Измешајте една лажичка мед и една лажичка сода бикарбона, па додадете малку вода. Секој ден потребно е да се масирате 2-3 пати, минимум по три минути на пределите каде има целулит, а потоа гледајте како нерамнините исчезнуваат.

Покрај тоа, сода бикарбоната може да ви помогне и за елиминирање на следните проблеми:

ОТСТРАНУВАЊЕ НА ЖОЛТИ ДАМКИ ОД ЗАБИТЕ

Ставете малку ода бикарбона на памук или помешајте со вашата паста за заби, па втријте го во забите, најмалку двапати дневно, за да ги отстраните дамките од забите. Внимавајте да не го разраните непцето.

ЕЛИМИНИРАЊЕ НА МИТЕСЕРИ

Митесерите или како што уште се нарекуваат “црнки” можете да ги елиминирате исто така, со помош на сода бикарбоната.

Потребни состојки:

¼ сода бикарбона
¼ паста за заби
½ вода

Постапка:

Сите состојки добро измешајте ги, па со помош на чиста четка за заби или ткаенина нежно тријте го местото со митесери. Постапката се повторува еднаш дневно. За неколку дена тие ќе почнат да исчезнуваат.

АНТИЦЕЛУЛИТНА ДИЕТА

Каде и да се наоѓа на телото, целулитот спаѓа во најнестетските непријатели на поубавиот пол. Иако целулитот не е опасен по здравјето и го имаат повеќе од 90% од жените, сепак претставува проблем од кој сите сакаат да се ослободат.

Антицелулитната диета има за цел да го ослободи организмот од штетните токсини и отрови. Во текот на диетата потребно е да се јаде лесно сварлива храна и да се пијат доста течности.

Вежбите за целулит и антицелулитната масажа нема да бидат делотворни доколку не се комбинираат со здрави намирници и правилна исхрана. Најважните намирници кои се препорачуваат кај антицелулитната диета се следните:

-сиров или варен зеленчук
-сирово овошје или природни сокови
-свежи салати зачинети со лимонов сок, винска киселина или маслиново масло
-свежи сокови од зеленчук
-варени јајца или готвени на малку масло
-јогурт со ниски мм% со или без дополнително овошје или снегулки
-немаслено млеко

ШТО НЕ СМЕЕ ДА СЕ ЈАДЕ

Салами, колбаси, солено месо, сланина, солени грицки, пржена храна, солени сирења и кашкавали, виршли, газирани напитоци, многу зачинети јадења како инстант супи и силни зачини, павлака. Исто така, треба да се одбегнува пиење многу кафе.

МЕНИ ЗА 7 ДЕНА

Понеделник

Појадок: кисело млеко, младо сирење, интегрален леб
Ужина: свежо овошје или природен сок
Ручек: печена риба со компир салата или блитва со компир, парче леб
Ужина: свежо овошје
Вечера: салата, варен зеленчук со малку месо, парче леб

Вторник

Појадок: снегулки со млеко
Ужина: овошен сладолед
Ручек: зелка со месо, салата од цвекло, парче интегрален леб
Ужина: шолја бело кафе
Вечера: пилешко, варен зеленчук, салата, парче леб

Среда

Појадок: био-кифла, сок од морков
Ужина: семки од сончоглед
Ручек: пилешко месо, варен карфиол, салата, парче леб
Ужина: овошен сок или овошје
Вечера: нискомасен јогурт, леб, свежо сирење, салата

Четврток

Појадок: млеко со овесни снегулки
Ужина: 1 крофна
Ручек: говедска супа, варен компир, морков, леб и салата
Ужина: сок од свежо овошје
Вечера: шолја чај, леб со џем

Петок

Појадок: леб, џем и шолја млеко
Ужина: овошје
Ручек: варен грашок, салата и парче леб
Ужина: сок од зеленчук или овошје
Вечера: риба, варен зеленчук, салата и парче леб

Сабота:

Појадок: тост леб, свежо сирење, овошен сок
Ужина: Овошна салата
Ручек: спанаќ со компир, соини шницли, салата и парче леб
Ужина: овошје
Вечера: пица од зеленчук

Недела

Појадок: интегрална кифла, младо сирење, млеко со какао
Ужина: сок од домати или салата од домати
Ручек: џигер, салата и компир пире
Ужина: една палачинка
Вечера: варен зеленчук, месо, леб и салата