Воодушевете ги гостите…ПЛАЗМА ТОРТА СО КРЕМ БАНАНЧИЊА…Се прави за 15 минути…
Вкусна и лесна ПЛАЗМА ТОРТА со крем бананчиња која се приготвува за само 15 минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 литар слатка павлака,
200 г шеќер во прав,
400 г кисела павлака.
И уште ќе ви биде потребно:
300 г мелени плазма кекси,
8 исечкани крем бананчиња,
200 г еурокрем (нутела или некој друг лешников крем по ваш избор).
ПОСТАПКА:
Пенасто изматете ја слатката павлака со шеќерот во прав додека да добиете шлаг, а потоа додајте ја киселата павлака и убаво заедно промешајте ги со лажица додека да се изедначат. Добиената смеса поделете ја на три еднакви делови во посебни садови.
Во едниот дел додајте мелена плазма, во вториот ситно сечканите крем бананчиња, а во третиот еурокрем. Сите три делови промешајте ги со лажица додека да се изедначат.
Во обложен калап прво ставете ја смесата со плазма, потоа смесата со крем бананчиња и на крај смесата со еурокремот. По желба тортата украсете ја со изматена слатка павлака. /Сoolinarika.сom