Кога еднаш ќе ја направите штрудлата со ова тесто, веќе никогаш нема да замесите на ниеден друг начин… Лудо, посно тесто, врвно шупливо, вкусно, сочно, неодоливо и после ден, два (ако воопшто дочека толку..) Секојпат успева и не можете да промашите со него, секогаш дава врвен резултат.
Куќата ќе ви замириса прекрасно, а секој што го проба овој колач ќе ви побара рецепт. Тајната можеби се крие во мирисниот чај од камилица кој дава посебен шмек, но можеби и во целата постапка и соодносот на состојките. Испробајте го рецептот на „Catalpa“, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за тесто: 1 кг брашно, 5 мали филџани (300 мл) масло, 500 мл чај од камилица или некој друг чај, 6 супени лажици шеќер, 1 коцка свеж квасец (40 г), 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1/2 лажичка сол и малку рендана кора од лимон.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за фил: 4 х 200 г мелени ореви или мак, рогач, лешници или нешто друго по важ избор, потоа 4 х 3 лажици шеќер и 700 мл врела вода. Состојките се однесуваат за четири ролати, па затоа се поделени на четири.
ПОСТАПКА: Најпрво сварете го чајот. Сварете поголема количина, може ќе ви затреба подоцна при замесувањето. Разматете го квасецот со една лажичка шеќер и малку топла вода, па оставете на топло 10-тина минути да се активира и запени.
Во измереното и просеано брашно додајте масло, шеќер, ситно рендана лимонова кора, ванилин шеќер, малку сол, активираниот квасец, па започнете постепено да го додавате млакиот процеден чај.
Замесете меко тесто – не грижете се, како што ќе стасува, ќе добива посебна структура која ќе можете дури и со прсти да ја развлекувате. Оставете го тестото да стасува додека да се удвои. Потоа поделете го на 4 делови (или три).
Секој дел развлечете го во правоаголна форма со величина на плехот од рерната. Секој дел од тестото посебно се филува. Секој фил се приготвува на ист начин: На пример, во мелениот мак додајте шеќер и полијте го со врела вода.
Не смее да биде многу ретко. Кората премачкајте ја со филот и свиткајте внимателно во ролат. По ширината на плехот (намастен или обложен со хартија за печење ) наредете 4 ролати.
Вака приготвените ролати оставете ги да отстојат 15-тина минути додека се загрева рерната. Ставете ги да се печат во преходно загреана рерна на 220 степени, додека убаво да заруменат и да ви замириса целата куќа, приближно 30 минути.
Извадете го плехот од рерна, прекријте ги ролатите со крпа и оставете полека да се ладат. Потоа наросете ги со шеќер во прав. Ова тесто секогаш успева, лесно се приготвува, не чини многу скапо, а дава врвен резултат. Прочитајте: ВАКА ПОРАНО СЕ ПРАВЕШЕ ШТРУДЛА: Преполна со фил, а останува свежа и мека три дена после правењето – ОВДЕ.