Во водата во која го готвите оризот секогаш додавајте 1 состојка: нема да се залепи на дното од тенџерето и ќе биде совршено сварено.

Доколку не успевате да го приготвите оризот совршено, искористете го овој трик следниот пат и бидете сигурни дека ќе биде професионално сварен.

Секогаш е корисно да знаеме одредени кулинарски трикови кои ќе ни помогнат во готвењето, а еден таков трик е поврзан со подготовката на оризот.

Имено, при готвењето често станува лепливо и премногу меко, поради што не може да ја задржи текстурата. За совршено подготвен ориз, односот вода и ориз треба да биде три спрема еден, што значи дека треба да налеете три чаши вода на една шолја ориз.

Исто така, многу делотворен трик сподели и Јелена Кочмановиќ, попозната на Инстаграм под името Naš dan kavi dan, која низ годините стекна големо кулинарско искуство.

Таа откри која состојка е неопходна за оризот да биде совршено сварен, без разлика кое јадење го подготвувате.

„Ако додадете неколку капки сок од лимон додека го пропржувате оризот, тој нема да се залепи и ќе биде растресит“, вели таа.

Затоа, ако оризот никогаш не ви успеал или ако сте почетник во готвењето, следниот пат искористете го овој трик и бидете сигурни дека добро ќе испадне.

НМД.мк