Повеќето луѓе кои го пробале овој сок се задоволни со резултатите, но една жена одлучила јавно да го открие своето искуство и точниот рецепт кој го користела, бидејќи за еден месец ослабела и „се преполовила“.

-Повеќето алишта сега ми се големи, но јас сум пресреќна – открива жената и дава точни мерки на состојките.

Потребни состојки:

240 мл превриена/дестилирана/изворска вода

1 лажцица чист сок од јаболко

1 лажици чили во прав

1 лимон непрскан, целиот (сок и кора), доколку е купечки убаво истретирајте го со сода бикарбона

Постапка:

„Излупете го лимонот и преку кората прелијте зовриена вода. После 10 минути додадете сок од лимон, сок од јаболко и чили во прав. Пред секоја голтка добро измешајте и испијте го пред секој оброк“ – вели жената.

Како делува овој напиток:

Познато е и научно е докажано дека лутата пиперка го забрзува метаболизмот и на тој начин се стимулира согорувањето на мастите во телото. Поради капсаицинот кој го содржат чили пиперките, доаѓа до стимулирање на нервниот систем, телото се загрева и на тој начин повеќе се согоруваат калориите.

Поликосанолот од кората на лимонот помага во согорувањето на салото, а својствата на лимоновиот сок за метаболизмот се познати, додека сокот од јаболко помага во разложување на мастите во организмот.