Многу вкусна пита.

Потребни состојки:

500 г кори за пита
1 средна главица црвен кромид
500 г мелено месо по избор
3 средни компири
Зачини по вкус, вегета, црн пипер

За прелив:

3 јајца
100 мл масло
1 кисела павлака
200 мл минерална вода
1 лажичка сол

Постапка:

Кромидот ситно исечкајте го и кратко пропржете на малку масло.

Во кромидот додадете го меленото месо, зачинете и продолжете со пржење уште малку.

Додека месото се динста, излупете ги компирите и изрендајте ги на најкрупниот дел од рендето.

Компирот помешајте го со месото и кромидот, а ако е потребно уште малку зачинете. Оставете малку да излади.

Во плех 35х25 намсатен со малку масло, ставете кора превиткана на половина. Премалкајте ја со малку масло и врз неа ставете уште една кора, исто превиткана во дупло.

Врз оваа кора ставете малку фил кој ќе го покриете со нова кора, па повторно фил и така по ред додека не се потроши материјалот.

Последните две кори оставете ги без фил, исто како што започнавте.

Питата исечете ја на парчиња со величина по ваша желба, па полејте ја со приготвениот прелив. Малку со ножот потргнете за да може да навлезе убаво.

Прелив: јајцата измиксајте ги, додадете масло, јогурт, минерална вода и сол.

Оставете 30 минути корите добро да се натопат а потоа ставете во загреана рерна да се пече на 180 степени додека убаво да зарумени.

coolinarika.com