Сигурно сте го забележале нивниот порцелански тен и нежна кожа како кадифе. Азијатките важат за едни од најнегуваните жени. Но, на што се должи оваа нивна убавина? Некои веруваат дека тоа е поради нивниот стил на живот, други поради генетиката и поднебјето, а трети пак веруваат дека е благодарение на нивните техники за нега.

На оваа тема наидовме на интересен текст кој вели дека Јапонките користат техника за чистење лице наречена „4-2-4“ според минутите на обработка, а со која го одржуваат лицето беспрекорно чисто. Овие бројки „4-2-4“ всушност, се однесуваат на времетраењето на миењето на лицето, поделено на делови.

А еве и од што се состои таа техника и зошто е така поделена:

Прв дел: 4 минути – етерично масло

Лицето се масира четири минути со етерично масло, со што се подобрува циркулацијата, а исто така маслото помага за да се омекне горниот слој на кожата. Клучно е да се одбере она масло кое најдобро одговара за вашиот тип на кожа. Меѓу подобрите за оваа намена се маслото од јојоба, како и маслото од рицинус.

Втор дел: 2 минути – чистење

После масажата, нанесте малку од млекото за чистење на лицето. Подобро е отколку да користите гел, бидејќи гелот може да ја исуши кожата. Со нежни, кружни движења на прстите, нанесете го млекото за чистење, и оставете убаво да се впие во кожата на лицето.

Трет дел: 4 минути – миење

Убаво измијте го лицето со топла вода, околу две минути, а потоа уште две со студена вода. Топлата вода ќе ви помогне да го измиете вишокот масло од кожата, додека пак студената ќе ви помогне да се спречи ширењето на капиларите и ќе придонесе за стеснување на порите.

Како што пренесува „Брајт сајд“, оваа техника на чистење се применува само навечер и доволно е до четири пати неделно. Со оглед на тоа дека не е ништо комплицирано, нема причина зошто при крајот на денот да не одвоиме 10 минути за да го подобриме изгледот и здравјето на лицето.

Древна јапонска маска за лице која може да направи да изгледате 10 години помлади

Веројатно не се ни знаеле дека во вашата кујна се крие вистинско богатство. Од едноставни состојки може да направите волшебни работи. Сите жени се трудат да изгледаат убаво и помладо од годините што ги имаат.

Ова е еден одличен рецепт од Јапонките кои го користат одамна. Испробајте го, многу е едноставен. Еве го рецептот за убава кожа која Јапонките го користат веќе со векови. Со убава кожа секогаш изгледате помладо.

Потребни состојки: 3 лажици ориз, 1 чаша вода, 1 лажица млеко и 1 лажица мед

Постапка: три лажици ориз ставете ги на оган со чаша вода. Откако ќе зовријат оставете да се варат околу 15-тина минути на тивок оган. Тргнете го на страна садот, поклопете и оставете да излади. Потоа процедете го оризот и сочувајте ја течноста за подоцна.

Оризот изблендирајте го со една лажица млеко и една лажица мед. Оваа смеса нанесете ја на чисто лице и оставете да делува 15-тина минути. Маската исплакнете ја со течноста во која се вареше оризот, внимателно со помош на памукчиња. Маската нанесувајте ја барем еднаш седмично за да забележите неверојатни резулати.

Последниве години популарен стана методот за обновување на косата со ферментирана оризова вода. Многумина го испробаа и презадоволни се со резултатите.

Подолу можете да го проследите и видеото во кое една девојка го споделува своето искуство и резулатите од користењето на овој извонреден препарат за брзо растење и обновување на косата. Како се приготвува оризовата вода и како се користи, прочитајте во продолжение на текстот.

Зрната на оризот содржат скроб дури до 75 – 80%. Водата од ориз се нарекува и „скробна вода“ која се приготвува со натопување или готвење на оризот.

Се смета дека оризовата вода содржи многу хранливи материи и витамини како: аминокиселини, Б – витамин, Е – витамин, антиоксиданси и други минерали. Според истражувачите, жените од Хејанскиот период во Јапонија имале здрава, цврста и долга коса до подот бидејќи ја користеле оризовата вода.

Современ еквивалент на оваа приказна се „Yao’’ – девојките од Ки-на во близина на селото Хуанглуо. Тие се познати по тоа што имаат коса долга дури до 1,5 метар.

Покрај неверојатната должина, бојата на косата на овие девојки не обелува, а природната боја се задржува до 80-тите години. Девојките од К ина оддаваат чест на оваа посебна „скробна’’ течност која лесно се приготвува.

Во последните години, салоните за убавина се придржуваат до оваа традиција на користење оризова вода, а моментално е и тренд во светот.

Придобивките од користењето на оризова вода се: косата станува помазна, се зголемува нејзиниот сјај, помага во растот и го забрзува, косата не се заплеткува, косата станува поцврста поради присуството на инозитол, се подобрува нејзината еластичност

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: сад со средна големина, тегла, ориз ¼, вода ¾

ПОСТАПКА: оризот прелијте го со вода. Со раце добро промешајте го, околу 5 – 10 минути за добро да се навлажни. Оваа вода се фрла, а процедениот ориз се става во тегла.

Во теглата додадете чиста вода околу ¾. Затворете ја и добро протресете. Протресувањето во теглата е еден од најважните процеси бидејќи помага хранливите материи, витамините и минералите од оризот да навлезат во водата.

Вака приготвениот ориз со вода се остава на собна температура од 12 – 24 часа за да ферментира. Процесот на ферментација помага да се зголеми количеството на хранливи материи во водата, а процесот се забележува по заматувањето на водата.

Во ферментираната вода се размножува еден тип на квасец кој помага во обновувањето на клетките на скалпот.

Ферментираната, оризова вода има чуден мирис, па за да го подобрите, може да додадете кора од лимон или портокал. Откако водата ќе ферментира, добро процедете го оризот, а течноста кладирајте ја во шише со распрскувач. Пред употреба секогаш протресете го.

Употреба: Еден од најважните чекори, пред да ја нанесете оризовата вода е да ја измиете косата вообичаено.

Чистата и влажна коса (малку потсушена со пешкир) поделете ја на повеќе сегменти. Секој од нив испрскајте го со малку оризова вода, а потоа нежно измасирајте на скалпот. Посебно обратете внимание на коренот од косата.

Потоа постапката повторете ја уште еднаш. Оставете водата да делува околу 15 – 20 минути, а потоа само нежно исплакнете со вода.

Оризовата вода користете ја еднаш во 2 – 3 недели бидејќи миењето на косата со оризова вода е силен третман кој може да го иритира скалпот. Ако не ви предизвикува несакани реакции, тогаш користете го почесто.

МИЕЊЕ НА ЛИЦЕТО СО ОРИЗОВА ВОДА

Повторете ја постапката како што е претходно опишано, а откако ќе ја исфрлите нечистата вода, процедениот ориз прелијте го со вода и ставете го на оган да врие 10-тина минути. Тргнете го на страна и оставете го да олади уште десет минути. Потоа преку газа процедете ја течноста во тегла.

Оставете ја водата да отстои 12 часа на собна температура. Откако ќе ферментира, водата се чува во фрижидер, а треба дасе искористи најдоцна 3 – 4 дена.

Првиот начин да ја користите оризовата вода е на чинија да поставите чист пешкир кој ќе го потопите со ладна оризова вода, а потоа пешкирот ќе го ставите на лицето како маска.

Вториот начин е со чисти раце да се премиете со оризовата вода околу 3 – 4 пати, а потоа да продолжите со вообичаената рутина за нега на лицето.

Бенефти од користењето на оризова вода за лице се: ладната оризова вода ќе ја релаксира вашата кожа; ја намалува појавата на акни и брчки; наменета е за секоја возраст; ја штити кожата од штетните УВ – зраци, но сепак користењето на хидратантна крема со фактор не треба да ја замените со оризова вода

Помага во лекувањето на из-горениците. За најдобар резултат користете до 2 пати неделно. Оризовата вода на секого му предизвикува различни реакции на кожата. Доколку вашата кожа е многу сензитивна, најдобро е да направите тест пред да почнете да ја користите редовно.

додајте и малку ориз по желба