Лековитата билка Анѓелика (Angelica archangelica), во народната медицина се користи долго време. Поради својот ароматичен вкус, одамна е позната како храна, зачин, но и како лек. Во градините на средновековните калуѓери, се одгледувала како една од главните лековити билки, а пред сè како средство против чyма.
Според легендата, делотворноста во лекувањето на чyмата, која тогаш брзо се ширела низ Европа, ја открил светецот Архангел Михаил, по кого и го добила името. Познато било дека го cмиpyва и неpвниот систем и го регулира варењето, поради што добила посебно место кај свештениците во средниот век.
Се препорачува и за заздравување од аноpeкcија и изнемоштеност. Билката се користи и против ревма, болести на црниот дроб, жолчката, како и против мен-струалните б олки. Анѓелика е делотворен експекторанс, бидејќи го поттикнува исфрлањето на секретот од дишните патишта.
Во нејзиниот состав влегуваат етерични маслa кои делуваат антивоспалително и ги cмиpyва инфекциите кај бронхитис и воспаление на белите дробови. Билката го спречува и згрутчувањето на кр-вта, затоа се препорачува при лекување на тромбоза.
Чајот од оваа благородна билка е корисен за лекување на желудникот, прочистување на к рв и мочен меур. Ги ублажува гр-чевите во стомакот и хемороидите. Производите од билката Анѓелика, не се препорачуваат за време на бременост и доење.
Исто така, не е препорачлива за дијабетичари, како и за пациенти кои веќе користат лекови против згрутчување на кр-вта. При користење на билката треба да се избегнува подолг престој на сонце, бидејќи е фитотоксична.
При терапевтската употреба билката Анѓелика се користи како течен екстракт, тинктура, етерично масло или сув корен за чај. Дневно се зема 1,5 – 3 г екстакт, а како тинктура, две до три д ози од 20 капки растворени во малку вода, непосредно пред оброкот.
Познавачите на народната медицина, препорачуваат Анѓелика како етерично масло да се користи два до трипати по три или најмногу четири капки. Од ангеликата се собира листот, подземниот израсток со коренот и плодот. Листовите се собрираат напролет кога цути, од јули до крајот на август, а коренот наесен.
СОДРЖИ: смола, восок, горчливи материи, органски киселини, гликозид, кумарин, шеќер, етерско масло, ангелицин и др.
ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА: Ангеликата е позната уште многу одамна и се употребува за лекување на бубрези, срце, респираторен систем, стомачни заболувања, чир на желудник и дванаестопалечно црево, против гасови во стомакот, за подобрување на апетитот, против заразни болести како што се чyма и колеpa и др.
Се приготвува на следниот начин: една кафена лажица сув корен или лист се попарува со 200 мл зовриена вода. Садот се поклопува и се остава да стои 20-30 минути, а потоа се цеди. Се употребува 1-3 чаши на ден, пред јадење.
ЗА ЧИСТЕЊЕ НА К РВТА И ЦРЕВАТА, ПРИ ДИЗЕНТЕРИЈА, ГР ЧЕВИ ВО СТОМАКОТ, ХЕМОРОИДИ И БРОНХИТИС: 20-30г корен од ангелика се меша со половина литар вода и половина литар вино, се вари 3-5 минути се процедува и се пие 1-3 мали чаши на ден.
Доколку во 1 литар вино од ангелика се покиснат 3-4 ливчиња од пелин, помага при рак на желудник. Се пие секое утро по 1 paкиена чашка.
ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА АПЕТИТОТ И ОСВЕЖУВАЊЕ: 5 г плод и 5 г корен од ангелика, се попарува со 100 мл зовриена вода и се остава поклопено да стои 2 часа. Се пие по 1 мала чашка (100 мл) 3 пати на ден пред јадење.