Сестрите од манастирот безусловно ги споделуваат своите рецепти за лековити креми и мевлеми. Оние кои не се во состојба сами да си ги приготват, можат истите да ги најдат приготвени од рацете на монахињите во продавничката на Марковиот манастир.
![]()
![]()
![]()
![]()
За цело време додека тече подготовката на кремот се изговара Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, помилуј нè и со овој лек и Твојата сила помогни им на сите на кои им е потребно. Марковиот манастир е оддалечен од Скопје само 20 километри, а до него се стигнува по солиден асфалтиран пат.
![]()
![]()
![]()
![]()
Целиот манастирски комлекс и неговата околина наликуваат на сцена од бајките. Жуборот на Марковата река, која тече веднаш покрај манастирот, впечатиливата порта, изработена од масивно дрво, секогаш средениот двор и манастирот стар седум века прават да почувствувате некоја чудесна хармонија.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во дворот на манастирот има бунар со студена вода, мини музеј, галерија со икони, мошне впечатлива камбанерија и една стара подземна воденица, која секогаш го привлекува вниманието на посетителите.
![]()
![]()
![]()
![]()
Марковиот манастир во минатото бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри, во кој се наоѓале голем број значајни ракописи, но за жал најголем дел од нив не се сочувани. На 8 ноември е празникот на заштитиникот на манастирот, Свети Димитрија.
Секако тука се и манастирските конаци во кои живее женско монашко сестринство, но многу ретко може да сретнете некоја од монахињите. Тие живеат повлечен монашки живот, посветен на Бог, во молитви.
![]()
![]()
![]()
![]()
Честопати можат да се сретнат како ги чистат излетничките места околу манастирскиот комплекс од ѓубре и отпадоци кои ги оставаат несовесните луѓе. Тие се грижат за природата и се обидуваат да сочуваат колку можат повеќе од лековитите билки од кои приготвуваат природни лекови, креми, мевлеми, масла, тинктури и сапуни.




За читателите на НМД тие откриваат еден лековит рецепт за подготовка на крем од невен, кој тие го прават изминативе години и за кој има голема побарувачка. Сите оние кои не се во можност сами да си го подготват, истиот можат да го најдат во продавничката на манастирот.
РЕЦЕПТ: КРЕМ ОД НЕВЕН
Се берат цветовите од невен на пладне, кога сонцето е најсилно, а цветовите најмногу се отворени. Се полни стаклена тегла со сечкани невенови цветови, а потоа се прелива и дополнува со маслиново масло (односот меѓу цвет и масло е приближно 1:1).
![]()
![]()
![]()
![]()
Се остава на сонце 40 денови, а потоа се процедува низ двојна газа. Маслото се загрева на пареа (тенџере врз тенџере) и се додава 70 г пчелин восок. Ме меша додека да се растопи восокот.
Се тргна на страна малку да подизлади, а потоа се додава витамин Е во течна состојба и една лажица прополис. Се меша и се складира во стаклен сад. Се затвора откако кремот ќе се стврдне. Се чува на темно и ладно место.
![]()
![]()
![]()
![]()
За цело време додека тече подготовката на кремот се изговара Исусовата молитва: Господи Исусе Христе, помилуј нè и со овој лек и Твојата сила помогни им на сите на кои им е потребно. Вака подготвениот лек е спремен за конcyментите. Овој природен мевлем е многу добар и лековит за: нега на кожата, црвенило на кожа, псоријаза, paк на кожа.
![]()
![]()
![]()
![]()
Заедно со другите состојки има длабоко исхранувачко дејство, лекува и идеално ја чисти вашата кожа. На истиот начин може да се приготви и крем од рузмарин кој пак, помага за ладни раце и нозе, односно, крем кој ја подобрува циркулацијата на телото.
![]()
![]()
![]()
![]()
Во кремите може да се додаваат и други лековити билки, како: црвен кантарион, ајдучка трева, босилек… на овој начин добивате крем кој поради моќта на билките има широк спектар на делување.




































