Неочекувано, оваа фотографија со позите за спиење стана многу популарна на социјалните мрежи. Поточно, првпат се појави на Твитер, а графиката со 18 пози за спиење предизвика неочекувано голем број реакции, а потоа и расправа за тоа, која поза е најдобра, а која најлоша.
Само три пози на графиката им припаѓаат на жени, додека останатите прикажуваат мажи.
“Јас сум број 9, а вие?” “Ако кажете 13 – што правите?”, запраша еден твитерџија кој ја сподели графиката, а другите твитерџии започнаа да одговараат.
“7 е место на злочин, 16 во ковчег си, а 13 е нешто што правиш безобразно” – некои започнаа да се шегуваат.
“11 е кога некој ти забил нож во грб, ама оваа поза под број 13 е чудна, мора да поразговараме за неа” – пишуваше понатаму.
Позата со број 13 привлече најмногу внимание, а некои беа доволно храбри и признаа дека спијат во позите кои другите ги исмеваа.
“Јас спијам како број 16 и многупати ми се случуваше да се разбудам со цвеќе во рацете” – призна еден твитерџија.
“Јас сум една од овие три во кои им е дозволено на жените да спијат”- се пошегуваа некои твитерџики.
Еден маж потоа ја додаде својата графика која ја лајкуваа речиси 5000 луѓе, па на крај заклучи: “Ова е единствената прикладна поза за спиење!”
Инаку, почетната објава беше лајкувана повеќе од 12 илјади пати и споделена речиси 1500 пати.
https://twitter.com/r0ckytop/status/1219105037525405696?s=21