Научниците сметаат дека кучињата би можеле да ги откриваат заболените од корона и да ги пронаоѓаат асимптоматските носители.

Студијата се базира на претходни истражувања на способноста на кучињата да ја детектираат маларијата и се темели врз претпоставката дека болеста предизвикува спрецифичен мирис.

Британската хуманиарна организација и научниците се здружија со една цел, да откријат дали кучешкото сетило за мирис може да помогне во откривање на корона вирусот.

Имено, организацијата “Medical Detection Dogs” во соработка со Лондонската школа за Јавно здравство и тропска медицина (LSHTM) и Универзитетот Дурхам на североистокот од Англија сака да утврди дали кучињата можат да помогнат во дијагностицирањето.

МОЖАТ ДА ГИ ОТКРИЈАТ ПРОМЕНИТЕ ВО ТЕМПЕРАТУРАТА НА КОЖАТА?

Организацијата започна со подготовки за обука на кучињата која ќе започне за шест седмици, за да се осигура “брз неинванзивен дијагностички метод”.

Организацијата претходно ги обучуваше кучињата да откриваат болести како што се туморот, Паркинсонова болест или бактериски инфекции, со давање на примероци од заболени пациенти.

Кучињата можат да откријат мали промени во температурата на кожата.

“Уверени сме дека кучињата можат да ја откријат болеста Ковид-19. Сега истражуваме како со сигурност да го “уловиме” мирисот на вирусот од пацинтите и да ги изложиме кучињата на тој мирис” – вели Клеир Гуест и додава дека целта е да може кучињата да ги детектираат сите заболени со корона вирус, вклучително и оние кои се асимптоматски носители на вирусот, па да ни покажат кого треба да го тестираме”.

БИ МОЖЕЛО ДА СЕ РАСПОРЕДАТ НА АЕРОДРОМИТЕ

Авторот на одделението за контрола на болести на LSHTM вели дека кучињата можат да откријат маларија со “висок степен на точност”, и дека, со оглед на тоа дека и другите респираторни болести го менуваат мирисот на телото, постојат “големи изгледи” истото да може да се спроведе и со короната.

Кучињата би можеле да ги распоредуваме на аеродромите на крајот од епидемијата, за да можат да ги откриваат носителите на вирусот, и за да помогнат во спречување на повторен бран на нова епидемија – вели Стив Линдсеј од Универзитетот Дурхам.

Да се потсетиме:

Дали домашните миленичиња можат да го пренесат коронавирусот?

Откако бројот на заболени од коронавирусот почна значително да се шири, народот беше загрижен дали домашните миленичиња можат да го пренесат вирусот.

Коронавирусот е големо семејство на вируси. Некои коронавируси ги заразуваат луѓето, а други предизвикуваат болести кај некои животни како што се камилите и лилјаците. Некои коронавируси можат да ги инфицираат животните, но не можат да ги инфицираат луѓето.

Нема потреба од паника, се доколку миленичињата се добро згрижени и се води добра хигиена. Тие секоја година се вакцинираат од полиовалентна вакцина, не постои доказ, но пренесувањето на вирусот од животни на луѓе е многу ретка појава.

Единствено вирусот може да го донесат дома преку шепите додека ги шетате надвор.  Затоа се препорачува да се чистат добро нивните шепи пред да влезат во домот, а потоа и вие да ги дезинфицирате и измиете рацете.

За НМД.мк текстот го подготви Мартина Христовска