Секојдневното консумирање на преголема количина зелен чај, може да биде штетно! Екстрактот од зелен чај може да предизвика оштетување на црниот дроб, соопштија од Европската агенција за сигурност на храната (ЕФСА).
Покрај погодностите на зелениот чај кој често им се препишува на оние што држат диета како помош за губење на килограмите, секојдневното консумирање на преголеми количини може да биде штетно за црниот дроб, па дури да доведе и до намалување на неговата функција.
Виновници за ова се катехините, вид полифеноли кои се есенцијални молекули за физиологијата на билките, важни за функциите како што се раст и пигментација.
Се претпоставува дека штетната доза е околу 800 мг дневно, но се’ уште нема официјална потврда за сигурната доза на катехините. Иако голем број трговски ланци продаваат екстракти од зелен чај, во поголемиот број случаи станува збор за доза помала од 800 мл катехини.
Предупредувањето од ЕФСА доаѓа по направените поостри проверки, кои биле започнати по случајот со група тинејџери кои консумирале таблети зелен чај со што се довеле во ризична ситуација и завршиле на дијализа.
Во последните неколку години во медицинските списанија се јавиле повеќе случаи во кои луѓето имале големи проблеми со црниот дроб, а главната причина биле таблетите зелен чај.
Па така, маж од Австралија завршил на трансплантација на црн дроб, а во Англија една 16-годишна заболела од хепатитис откао користела таблети зелен чај за слабеење.
Во заклучокот ЕФСА објавува дека катехините во мали количини се добри за здравјето, но претерувањето би можело да доведе до погубни последици.