Фото и рецепт: Елена Ангелевска
Потребни состојки:
1 кг брашно
500 мл млеко
1 коцка квасец
1 филџан за кафе масло
2 јајца
1 супена лажица сол
1 супена лажица шеќер
1 маргарин/путер
сусам за наросување
Постапка:
1.Квасецот со шеќерот се растопуваат во млекото кое претходно сме го замлачиле. Па се додава маслото и јајцата па се замесува тестото. Солта претходно се става во брашното.
2.Откако ќе се измеси тестото, се дели на три дела, а исто и маргаринот се дели на три дела.
3.Се зема едно топче, се раcукува и се премачкува со маргаринот омекнат на собна температура. Потоа се преклопува од страните, па пак со маргаринот се премачкува и пак се дипли.
4.Исто се постапува и со другите две теста. Се ставаат во чинија, секое посебно, па во фрижидер за длабоко замрзнување да отстојат половина час.
5.Потоа се зема едно тесто и се сyчи колку што е тепсијата, па се става фил по желба, на пример урда со праз.
6.Се раcукува и втората кора, па се става врз филот и над втората кора повторно се реди фил. Третата кора се сyчи и се става врз филот.
7.Не се става ништо врз третата кора. Се сечат ленти по должина и секоја лента се врти како да цедиш алишта и се редат во намастена тепсија едно до друго.
8.Се остава да нараснат, се мачкаат со јајце и се посипуваат со сусам, па се печат во загреана рерна на 180-200 степени. Преубави се, тестото е многу меко.
Фото и рецепт: Елена Ангелевска