Фото и рецепт: Снежана Бошкова
Потребни состојки:
Половина низа суви пиперки
3 компири со средна величина
1 страк праз ситно сечкан
150 г салца
сол по вкус
Масло за попарување
Постапка:
Пиперките се варат, се чистат и се мелат.
Се додаваат три варени компири исечкани, ситно исечкан праз и околу 150 грама салца. Се посолува и се промешува, па сето одозгора се попарува со врело масло.
Фото и рецепт: Снежана Бошкова