Ова е доказ дека шницлите не мора да бидат направени од месо.

Ова е одлична идеја за сите оние кои не јадат месо, а овие вкусни шницли можат да си ги понесат на работа или во училиште, може да биде „трик“ со кој на децата ќе им го скриете карфиолот ако не го сакаат, па дури и за возрасните кои ја вртат главата од овој прекрасен, здрав зеленчук.

Карфилот можете да го ставате во супа, да го испржите со друг зеленчук, да го јадете сиров како салата, да го испечете со куркума, па дури и да го направите во вид на шницли.

Потребни состојки:

½ главица карфиол

1 јајце

1-2 лажици брашно

1-2 лажици презла

Сол, црн пипер

Свеж босилек

Постапка:

Карфилот разделете го на помали цветчиња, па сварете го, но внимавајте да не го преварите.

Исцедете го од водата.

Додадете ги сите останати состојки, но брашното и презлата додавајте ги лажица по лажица.

Сето убаво измешајте го а можете да користите и рачен миксер.

Ако ви се чини дека смесата е премногу мека, можете да ја додадете и втората лажица брашно и презла. Зависи од величината на карфиолот и од водата која се содржи во него.

Вадете со лажица, формирајте шницли со помош на дланките и валкајте ги во презла.

Пржете ги на малку маслиново масло додека да добијат златна боја

Презлата во која ќе ги валкате шницлите, му дава убав крцкав контраст на мекиот карфиол. 

 

Како прилог можете да послужете со печени шери домати и свеж босилек.