Ако имате готово лиснато тесто и неколку состојки од фрижидерот, не пропуштајте го ова многу вкусно јадење за целото семејство…За неколку минути е готово…Пита со месо, прсти да излижеш!

Потребни состојки:

500 г мешано мелено месо
1 кесичка фант за мелено месо
200 г шунка за пица, на ленти
200 г кашкавал за пица или по избор
1 лиснато тесто
1 јајце за премачкување

Постапка:

Врз лиснатото тесто ставете мелено месо кое сте го помешале со фант, па врз месото наредете шунка и кашкавал.

Свиткајте во ролат, премачкајте со јајце и доколку сакате можете да посипете сусам, па печете во рерна загреана на 180 степени околу 40 минути.

Можете да ја послужете топла и ладна….

Наведените состојки се доволни за неколку месни штрудли.