Едноставна и брза подготовка, феноменален вкус!

Потребни состојки:

10 јајца
300 г ореви – 10 лажици одат во кората, остатокот за наросување одозгора
1/2 прашок за печиво
2 супени лажици презла
10 лажици шеќер

За шербет:

2 шолји шеќер (од 250 мл)
3 шолји вода
1 лимон – сок

Постапка:

Одвојте ги жолчките од белките.

Жолчките изматете ги со шеќер додека да станат пенести. Посебно се матат белките со прстофат сол во цврст снег.

Во снегот од белки се додаваат изматените жолчки па со шпатула се меша за да се соединат.

Од вкупната количина мелени ореви додаваме 10 супени лажици во јајцата и повторно промешуваме со лажица.

Додаваме прашок за печиво и презла.

Добиената смеса ја излеваме во намастена и набрашнета тепсија. 

Печеме на 180 степени околу 20-25 минути, додека да зарумени.

За мера за преливот користиме чаша од 250 мл.

Во еден сад на оган ставаме 2 шолји шеќер и 3 шолји вода. Шербетот е готов кога ќе стане малку леплив меѓу прстите, па тогаш му додавате и сок од половина или цел лимон, во зависност од вашиот вкус.

Испечениот колач исечете го на коцки.

Прелијте рамномерно со шербетот и оставете неколку часа да се впие.

Одозгора наросете со преостанатите ореви.