Вкусен и евтин десерт…Ако имате скроб, шеќер и малку ореви, не пропуштајте го рецептот на баба ми…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 мл вода
200 г скроб
200 г шеќер
180 г ореви
80 г путер (или маргарин)

ПОСТАПКА:

1.Во широка тава сипете го шеќерот и растопете го на умерена температура. Кога ќе се карамелизира додајте го путерот и мешајте додека да се растопи и инкорпорира.

2.Во карамелот полека додајте ја водата во која претходно сте го раствориле скробот. Мешајте на тивок оган додека да се згусне.

3.Потоа додајте ги сечканите ореви и кратко промешајте.

4.Смесата излејте ја во калап, израмнете и покријте, па оставете 1 час во фрижидер.

Потоа сечете на парчиња и послужете. Постапката погледнете ја ОВДЕ.