ВКЛЕШТЕН НЕРВ
Каков било притисок на околното ткиво врз нервот ќе предизвика надразнување и ќе ја нарушува работата на нервите, со последици од болки до губење на чувството или слабеење на мускулите.
До вклештување може да дојде поради многу причини, како на пример: бременост, повреди, повторување на движењата или болести на зглобовите, дигање тешки товари, дебелина и контакти спортови.
Може да се појави каде било во периферниот нервен систем. Поизложени на ова нарушување се нервите што минуваат преку тврдото испупчување како што е коската.
Најчесто доаѓа до вклештување на централниот лакотен и палечен нерв, што се протегаат од рамото по должината на раката до дланката.
Другите нерви што можат да се вклештат се нервите на бутовите, што се протегаат од карлицата до коленото, нервите на табаните, нервите меѓу ’рбетните дискови, нервите на листот, што се протегаат по должината на потколеницата и големиот седален нерв, што се протегаат по должината на ногата, од крајот на ’рбетот се до стапалото.
Ако се лекува, вклештениот нерв редовно оздравува во текот на неколку дена или недели.
Постојаното надразнување на зафатениот нерв може да предизвика хроничен облик на болеста. Во некои случаи оштетувањето на нервите може да биде трајно.
СИМПТОМИ:
-чувствителност, трпнење или премаленост на дел од телото, често ектремитетите
-Болка што прободува, пече или што кине на местото на надразнетост на нервите и тапа болка по должината на нервите
-слабост на зафатениот дел; мускулна атрофија што се јавува поради некористење на ектремитетот, едната рака или нога може да биде видливо потенка од другата
ИШИЈАЛЕН НЕРВ
Ишијалниот нерв е најдолгиот нерв во човековото тело, а било каков притисок врз него предизвикува болка која се протега од ребрата до под коленото.
Оваа состојба кај народот е позната како „ишијас“ и бара мирување во подолг временски период за да се ублажат ијатичните болки.
РЕЦЕПТ ЗА УБАЛЖУВАЊЕ НА БОЛКИТЕ и лекување
Ставете околу 10 литри топла (колку што можете да издржите) вода во кофа или леген. Ставете една рака епсом сол (од аптека), една рака морска сол и половина литар јаболкова киселина.
Промешајте добро за да се растопи солта. Потопете ги стапалата и држете ги во растворот додека да излади. Избришете ги нозете, и облечете топли чорапи за да останат стапалата загреани.
Оваа постапка мора да ја повторувате во подолг временски период, до подобрување на состојбата. Стапалата мора во секој момент да ви бидат затоплени.
ЛЕКУВАЊЕ
Конвенционална медицина. Лекарот може да препорача намалување или прекинување на активноста што го предизвикува притискањето на нервот и да препорача носење лонгета, потпирен апарат или нешто слично.
Физикалната терапија може да ги зајакне околните мускули. Противвоспалителните лекови или краткротрајната употреба на кортикостероиди може да го забрза лекувањето.
Мали дози на амитриптилин или некој друг трицикличен антидепресив, понекогаш препишан за болки, може да помогне, ако се работи за хронична тегоба.
Лековити билки. Употребувајте смеса на чај направена од еднакви делови на кантарион, скутеларија (Scutellaria lateriflora) и сибирски женшен (Eleutherococcus senticosus).
Употребувајте ги овие билки или тинктури, сите три комбинирани со тинктура од овес (Avena sativa).
Измешајте ги сите заедно во еднакви делови трипати на ден пијте една лажичка во чаша вода. Ако подготвувате чај, пијте три чаши чај на ден.
Исхрана. Употребата на 1000 мг лецитин со оброците може да помогне во обновувањето на нервите.
Со употреба на 2000 мг калциумов хелат на ден може да се подобри спроведувањето на нервните импулси. Исто така, треба да внесувате и витамин Б12.
Хомеопатија. Болките во долниот дел на грбот што се намалуваат со затоплување, обидете се да ги лекувате со Rhus toxicodendron.
Употребувајте Arnica при болки во грбот по повреда може да ги намали симптомите. Посоветувајте се со хомеопат за соодветните дози.
ПРЕВЕНЦИЈА
Избегнувајте работни обврски и задачи кои вклучуваат повторување на движењата со дланки, раце или рамена.
Ако не можете да ги избегнете, извршувајте ги во куси временски интервали со прекини.
Ако почнат да се јавуваат симптомите, посоветувајте се со физикален терапевт за можните промени во начинот на извршување на обврските или соодветната опрема.