Кивите се овошје кое го добило своето име од истоимената птица што живее во Океанија. Покрај тоа што е вкусно, кивите се многу здрава нискокалорична храна.
Антиоксидансите и витаминот Ц се двете најважни состојки на кивите.
Количината на витамин Ц на 100 г киви е 98 мг, што е скоро двојно повеќе од количината на витамин Ц во портокалот и лимонот. Консумирајќи една кива на ден, се внесува повеќе од 80% од дневната доза на витамин Ц.
Кивите го зајакнуваат имунитетот, го намалуваат високиот кр-вен притисок, штитат од рак и разни алергии и настинки. Количината на витамин Ц во кивите му помага на организмот да ги неутрализира слободните радикали, и затоа нашето тело е заштитено од многу болести, особено од оние кои се поврзани со процесот на стареење.
Редовното консумирање на киви ги подмладува клетките во телото и генерално го зачувува здравјето на целото тело. Употребата на киви се препорачува за луѓе кои пу-шат и пијат многу ал-кохол, за дијабетичари, луѓе склони кон алергии и настинки, бремени жени, постари лица, жени во менопауза, луѓе кои стра-даат од катаракта и лица со болести на имунодефициенција.
Кивите потекнуваат од далечниот исток, поточно Кина. Популарното име го добиле во 20-тиот век. Овa лековито овошје припаѓа на семејството билки Actiniacea. Уникатниот вкус кој има да ни го понуди е нискокалоричен, а поседува исклучително богата хранлива вредност. Кивите се нутритивно сконцентрирана храна.
Што се однесува до микронутритивниот состав, тие исто така се особено богати и со: витамин К, калиум, витамин Е, бакар, фолна киселина (витамин Б9). Покрај ова, кивите содржат и нешто помали количества од витаминот А, а од минералите: магнезиум, калциум, железо, потоа антиоксиданти, како лутеин, зеаксантин, бета каротен и разни други фитохемикалии.
Моќен антиоксидативен извор
Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат клетките и ткивата.
Кивите се сметаат за суперхрана. Покрај претходно споменатите лутеин, зеаксантин и бета каротен, кивите изобилуваат со различни полифенолни имуностимулирачки антиоксиданти, но и со антиоксидативни витамини, пред сè витаминот Ц.
Подобро здравје на очите и кожата
Кивите се извонредно добра храна за очите и кожата. Овој факт се должи на нивниот богат антиоксидативен состав.
Го олеснуваат стресот и ги смирува нервите
Кивите се идеално овошје за модерното време во кое живееме. Поради големата количина на витамин Ц, ја ублажуваат нервозата и вознемиреноста. Исто така се идеални и кога станува збор за ослободување од стресот.
Кивите помагаат да се чувствуваме смирени и полесно да се соочуваме со проблемите и пречките што ни ги наметнува животот. Лекарите препорачуваат консумирање на киви пред интервју за работа или важен состанок, бидејќи имаат способност да ја намалат напнатоста.
Помагаат при констипација (запек)
Кивите содржат многу растителни влакна кои спречуваат запек и се препорачуваат како храна за здрав појадок. Може да се комбинира со други овошја, јогурт, кефир, мусли и други комбинации.
Го подобруваат варењето на храната
Кивите овозможуваат правилно варење на храната, помагаат при разни стомачни тегоби, лекуваат гастритис, ја намалуваат подуеноста и гасовите.
Помагаат при слабеење и задржување на течности
Поради фактот што содржат многу вода, кивите се идеални за слабеење и за исфрлање на вишокот течности од организмот. Кивите се важен диуретик, затоа се составен дел од исхраната на луѓето кои имаат проблеми со запек или прекумерна тежина.
Ја подобруваат циркулацијата на кр-вта
Витаминот Е и омега – 3 и 6 масни киселини, кои ги содржат кивите, не дозволуваат згуснување на кр-вта и го подобруваат здравјето на артериите. На овој начин се спречува појава на тромб и згрутчување на кр-вта, така што кивите се идеални за заштита од тромбоза, срцев у дар и оштетување на мозокот. Влакната што се наоѓаат во кивите го намалуваат нивото на холестерол во кр-вта.
Го зајакнуваат имунолошкиот систем
Покрај витаминот Ц, голема количина на фолна киселина содржана во кивите, го зајакнува одбранбениот систем на организмот, кој штити од настинки. Двете состојки го зголемуваат производството на бели и црвени кр-вни клетки, како и производството на антитела, кои штитат од вирусните заболувања.
Ја подобруваат состојбата при анемија
Благодарение на витаминот Ц, кој овозможува врзување на железо во кр-вта, се препорачува да се консумираат киви за луѓе кои стра-даат од анемија.
Заштитуваат од сончево зрачење
Луѓето кои се многу чувствителни на УВ зрачење треба да консумираат киви. Кивите содржат лутеин кој делува како заштитен фактор од штетното УВ зрачење.
Кој не треба да консумира киви?
Луѓето кои се склони кон болести на бубрезите, како што се таложење на песок и камења, не треба да јадат киви, бидејќи тие можат да предизвикаат дополнителни компли-кации. Исто така, малите деца треба да го ограничат внесувањето на киви, но не треба целосно да се исфрлат од исхраната.
Сокот од киви е нешто што треба да биде вклучено во секојдневна исхрана, бидејќи има корисен ефект врз организмот, а кивите изобилуваат со разни здрави состојки. Сокот од киви ќе ви обезбеди голема количина калиум и растителни влакна, а тоа може да ве заштити од срцеви заболувања.
Зошто е добро да се пие сок од киви?
Дејствува на човечкото тело на овој начин: Спречува кардиоваскуларни заболувања, спречува згрутчување на кр-вта, го намалува ризикот од мозочен у дар, ја штити виталноста на клетките, влијае на видот и спречува болести на окото (катаракта, дивертикулоза, конјунктивитис), го стимулира закрепнувањето, ја штити ДНК од штетните ефекти на слободните радикали, силно го детоксицира телото, го подобрува имунитетот, спречува формирање на масни наслаги.
Исто така, кивите ги ублажуваат симптомите на бронхитис, хронична кашлица и други белодробни заболувања кај деца и возрасни, го отстрануваат целулитот, придонесува за подобро здравје на кожата и влијаат на меморијата.
Треба да бидете внимателни со дневната количина на сок од киви. Не треба да пиете повеќе од 1-2 чаши сок што сте го разредиле со вода затоа што може да предизвика појава на алергија.
Рецепт за сок од киви
Потребни состојки: 1,5 кг свежи и излупени киви, половина кг шеќер (или помалку), 1,5 литар вода.
Подготовка: Излупете и исечкајте ги кивите и ставете ги во блендер. Потоа низ цедалка процедете ја добиената смеса за да добиете што е можно повеќе сок. Во меѓувреме зовријте ја водата, а откога ќе зоврие, тргнете ја настрана и почекајте да се излади.
Во исцедениот сок од киви додајте ја зовриената вода што претходно се изладила и половина кг шеќер. Мешајте околу 20 минути додека шеќерот целосно да се стопи. Стерилизирајте стаклени шишиња во кои ќе го претурите домашниот сок од киви и складирајте ги во фрижидер. Разредете го сокот со вода пред да го користите.
Сокот од киви содржи витамин А, витамин Б комплекс витамин Ц, витамин Е, витамин К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглехидрати, флавоноиди и затоа се препорачува да се користи во исхраната на бебиња, а киви се препорачува особено за време на бременоста. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска