ВИТАМИНСКИ ПОЈАДОК ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА СТОМАКОТ: Сам се прави, вие само измешајте ги сите состојки…Овој колач не само што е многу вкусен, туку изобилува со неопходини витамини и минерали кои ќе ве одржат сити подолг период.
Освен тоа содржи диетални влакна кои им помагаат да се исчистат цревата од темел, а стомакот да спласне…Еве што ви е потребно за да го приготвите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
300 г овесни снегулки
80 г сечкани ореви
4 лажици засладувач по ваш избор (шеќер или замена)
1 јаболко, ситно сечкано
1 банана, излупена и исечена
1 јајце
250 мл млеко
1 чаша вишни или овошје по ваш избор
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад измешајте ги овесните снегулки, оревите и засладувачот.
2.Во друг сад изматете го јајцето со млекото и сипете ја течноста во овесот.
3.Додајте ги ситно сечканите јаболка, бананата и вишните (или бобинки по ваша желба).
4.Измешајте ги добро сите состојки и смесата сипете ја во помал калап (за леб или ролат), обложен со хартија за печење.
5.Печете во загреана рерна на 180 степени, 45 минути. Оставете да се подизлади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.