Лутеницата може да се приготви од сечкани, рендани или мелени состојки, а според рецептот на Снежана Бењоцки состојките се мелат: 2 кг моркови кратко се обаруваат, 500 г лути пиперки (или благи, по вкус), 1 главица лук, свеж лист од целер количина по желба – и сè се меле.

рецепт 1 – фото и рецепт на Снежана Бењоцки

Потоа се додава 100 мл масло, 500 мл вински оцет, лажичка сол, по малку конзерванс и винобран (или се прави пастеризација). Добро се меша и се складира во тегли. За сите оние што ги одбегнуваат конзервансите, нека го проследат рецептот на Сунчица кој е опишан подолу.

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

5 кг рендан морков,
500 г сечкани лути пиперчиња,
1 китка сечкан магдонос,
3 главици лук,
3 чаши (200 мл) масло,
1 чаша алкoxолен (бел) оцет 9%,
1 чаша шеќер,
4 полни лажици сол или по вкус

рецепт 2 – ЛУТЕНИЦА ОД МОРКОВ – Фотографија и рецепт на Снежана Годиниќ

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 кг моркови,
300 мл масло,
2 главици лук,
1 китка лист од целер,
1 китка лист од магдонос,
500 г лути пиперчиња (јас ставив 350 г),
500 мл оцет,
1 до врв полна лажица шеќер,
сол по вкус (ставив 3 полни супени лажици),
½ кесичка конзерванс (може и не мора, но доколку не се стави тогаш мора да се пастеризира) и
20 зрна црн пипер.

ПОСТАПКА за рецепт 1: сите состојки измијте ги, исцедете ги од водата, исечкајте ги или изрендајте ги и добро промешајте ги во поголем сад.

Оставете ја мешавината да отстои 12-24 часа. За ова време додека лутеницата „одлежува” треба да се промеша уште 1-2 пати за да се растопат солта и шеќерот.

рецепт 1 – фото и рецепт на Снежана Бењоцки

Пред да се складира во тегли треба да се вкуси и по потреба да се додаде уште сол или оцет, според желба. Полнете ги теглите до врв притискајќи со лажица, за да може зеленчукот убаво да се нареди.

Ставете потиснувач (бела пластична мрежичка) и долијте ја течноста која останала од морковите. Потоа ставете ги теглите да се пастеризираат, а начинот можете сами да ги одберете: во тенџере со вода, во рерна или во машина за садови…

Јас ги пастеризирав во тенџере на скледниот начин: Земете поголемо тенџере и ставете крпа на дното, наредете ги теглите да не се допираат.

Налејте вода до 1,5 см под капаците, па кога ќе почне да врие, тргнете на страна, извадете ги теглите и свиткајте ги во крпи и така оставете ги да се оладат. Правев половина од оваа мера, а лутеницата ја складирав во 3 тегли од по 1 литар.

Лутата пиперка може да се замени и со обична – слатка пиперка. Морковите и останатите продукти ги има во текот на целата година, па затоа оваа витаминска салата е често на нашата трпеза. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2:

Морковите е потребно да бидат покрупни и приближно со иста дебелина. Измијте ги убаво под млаз ладна вода и исчистете ги. Ставете вода да зоврие, па спуштете ги морковите малку да се подварат, 5 минути.

Извадете ги со решеткаста лажица и оставете ги да изладат. Потоа исечете ги на тркалца. Пиперките исечкајте ги и запржете ги на малку масло (јас ги испеков на рингла, ги изладив, излупив и исечкав покрупно).

Оставете да изладат па измешајте ги со морковите. Целерот и магдоносот убаво измијте ги, исцедете ги, па исечкајте ги ситно. Лукот исчистете го и исечкајте го. Состојките додајте ги во мешавината од морков и пиперки, па промешајте.

Одозгора наросете шеќер, сол, оцет и конзерванс. Убаво промешајте, па садот покријте го и оставете го да преноќи. Следниот ден полнете ги теглите и затворајте ги добро.

Кој не става конзерванс, теглите треба да ги пастеризира во рерна 90 минути на 90 степени и тука да ги остави додека целосно да изладат. Оваа салата е одлична како прилог со печено месо или друго јадење.