Милан јадел овесна каша и имал регулирана исхрана, па се пофали дека таа му помогнала да намали 45 килограми, а еве што друго правел.

Милан од Србија, кој неодамна стана познат на социјалните мрежи по тоа што успеа да ослабе 45 кг за само 6 месеци ги популаризира неговите совети за слабеење на неговиот јутјуб канал (@STOMAKiJA), а резултатите може да ги видите на Инстаграм страната со истото име.

„Поминаа 6 месеци откога се соочив со самиот себе и одлучив да направам промена во мојот живот и начинот на исхрана. Како што гледате, резултатите се очигледни – успеав да ослабам 45 кг за 6 месеци“, вели тој.

Очигледно е дека неговиот начин на исхрана успешно влијаел врз топе-њето на килограмите, но како што тој наведува во своето видео, секое тело реагира различно на секоја промена. Но, тоа не треба да ве обесхрабува бидејќи со неговиот начин на исхрана нема што да изгубите доколку одлучите да ја пробате.

robinmcnicoll / Flickr.com

„Во просек слабеев по 240 г дневно, што е исклучително неверојатен резултат. Сите ми велеа дека нема да успеам и набрзо ќе се откажам, но јас бев одлучен дека ќе го издржам овој процес, па затоа сега сакам со вас да го споделам моето искуство“, објаснува Милан, а остатокот од неговата приказна можете да го прочитате на крајот од текстот.

Малкумина знаат за сите лековити својства на овесот. Чајот приготвен од овес (некои го нарекуваат и чај од зоб) се користи за ублажување на бројни симптоми и неправедно се занемарува во третманот на бројни состојби. Само мал број луѓе знаат за сите негови лековити својства.

Ова мало зрно житарица е богато со фитостероли – супстанции кои ги чистат кр-вните садови и спречуваат холестеролот да се апсорбира од телото повеќе отколку што е доволно. Може да кон-сумирате овес во форма на каша, но многу поедноставен начин е да направите чај.

pixabay.com

Овој чај е одличен за зајакнување на здравјето на срцето и кр-вните садови и намалување на ризикот од срцев и мозочен у дар. Овесот се смета за многу моќно и корисно средство за зајакнување на нер-вниот систем. Се препорачува за оние кои страдаат од несоница, мен-тален замор, анк-сиозност и деп-ресија.

Билкарите овој чај им го препорачуваат дури и на луѓето кои стра-даат од мултиплекс ск-лероза. Ја регулира работата на желудникот, па затоа се препорачува за луѓе кои имаат чувствителен дигестивен тракт.

чај од овес со стапче цимет

Исто така, има својства кои позитивно влијаат врз луѓето со рак на дебелото црево. Особено е ефикасен во намалувањето на несаканите ефекти кои можат да се појават за време на радио и хемоте-рапијата.

Микроелементите и флавоноидите, кои изобилуваат во овесот, го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат кр-вната слика. Во една студија во која учествувале 1540 професионални спортисти од Австралија, било забележано дека секојдневната употреба на овесот во исхраната придонесува за зголемување на мускулната маса.

чај од овес

Секој што страда од зголемено ниво на холестерол во кр-вта и кр-вен притисок треба да го вклучи овој чај во исхраната. Ова не се сите негови позитивни својства.

Чајот од овес се препорачува и за секој кој ст-рада од егзема, има чувствителна кожа или чувствува интензивно чешање. Делува прочистувачки, а штом се прочисти црниот дроб и кр-вта, постепено се повлекуваат и болестите на кожата.

Потребни состојки: 5 супени лажици овес, 1 литар вода, мед по вкус (не мора).

Постапка: натопете 5 супени лажици овес во еден литар ладна вода и полека загревајте на рингла додека да зоврие. Од моментот на зовривање оставете да се вари 5 минути, а потоа исклучете го огнот, и оставете го тенџерето поклопено да се лади.

Процедете ја течноста (не мора) по желба, засладете со малку мед и кон-сумирајте во текот на целиот ден наместо вода. Не се препорачува да се пие за време на јадење или непосредно после оброк. Во зависност од тоа што сте јаделе, почекајте прво да се свари храната, па потоа пијте го напитокот.

ИСКУСТВОТО НА МИЛАН

„Првиот чекор е да се соочите со самите себе“, вели тој и објаснува дека пред било што да отпочнувате, прво мора да бидете решителни. „Треба да сте одлучни дека пред вас е долг процес и безразлика на сè ќе успеете да го постигнете тоа што сте го замислиле.“

robinmcnicoll / Flickr.com

„Потоа, вториот чекор, а можеби и најтешкиот, е промената на лошите навики. Моќта на навиките е толку силна што понекогаш не сме свесни за некои работи кои ги правиме рутински. Секој од нас се соочува со некоја навика со која не е задоволен, и затоа,  треба да ја искорените таа навика што поскоро.

Навиките кои јас успеав да ги променам се: рано станување, ја исфрлив нездравата храна како што се: грицки, чоколадо, прженици, сувомеснати производи… Првиот месец од промената започнав да применувам и мала физичка активност како што е пешачењето, а после 30 дена почнав да џогирам и да вежбам од дома.

Следниот чекор кој се чинеше малку тежок за постигнување, беше да се регулираат секојдневните оброци и тие да бидат во приближно исто време. Појадував околу 9, пиев кафе во 11, во 13 часот ручав, а последниот оброк ми беше во 18 часот. На оваа промена се навикнав релативно брзо и никогаш не си дозволив некој пропуст помеѓу оброците.

Исто така, ќе го споменам и спиењето како најважна биолошка состојба на организмот. Потребно е да спиете најмалку 8 часа за да може организмот да се одмори и приготви за активностите кои нè чекаат наредниот ден.

Треба да бидете упорни. Некогаш ќе се случи да изгубите мотивација, но тоа не значи дека треба да правите попусти и да попуштите пред препреките. Можеби резултатите нема да ги забележите веднаш, но доколку сте упорни со време ќе се докаже дека се исплател вашиот труд.“

ОВЕСНАТА КАША НА МИЛАН КОЈА ЈА ЈАДЕЛ ВО ПЕРИОД ОД ШЕСТ МЕСЕЦИ

Оваа исклучително здрава намирница е богата со хранливи материи кои имаат бројни лековити својства. Овесната каша е богата со антиоксиданси вклучувајќи витамин Е, токотриеноли, селен, фенолна киселина и фитички киселини.

Исто така, содржи други хранливи материи како витамин Б1, биотин, молибден, фосфор, бакар и магнезиум меѓу другите фитонутриенти. Ова се промените што ќе ги видите на вашето тело доколку јадете овесна каша секој ден:

Првата и најдобра причина зошто треба да јадете овесна каша секој ден е тоа што овој оброк може да спречи дебелеење и намалување на телесната тежина. Медицинските експерти сметаат дека тоа е затоа што со јадење на овесна каша, се постигнува чувство на ситост, а тоа чувство трае долго.

Ова значи дека ќе внесувате помалку храна и дека побрзо ќе ја губите тежината. Исто така овој оброк обезбедува многу енергија во текот на денот без драстичен пораст или пад на нивото на шеќер во организмот.

Треба да знаете дека тоа е така, затоа што има низок гликемиски индекс. Нискиот ГИ на овесна каша ви помага да ја избегнете потребата на организмот за нездрава храна поради драстичниот пад на шеќерот, па затоа ќе ви биде полесно да им одолеете на омилените јадења.

Здравствени придобивки од овесна каша: го намалува нивото на лошиот холестерол; го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања; го зајакнува имунитетот; го регулира нивото на шеќер во кр-вта и го намалува ризикот од дијабетес тип 2;

Одличен извор на влакна што штити од рак на дој-ка, безбедна алтернатива на житариците за оние кои стра-даат од целијачна болест и не смеат да кон-сумираат глутен; го продолжува животниот век.

Овесните снегулки може да ги додавате во протеински шејк, јогурт или млеко. Со редовно кон-сумирање на овесните снегулки, резултатите ќе ги забележите за само 2 недели и ќе бидете воодушевени од изгубените килограми.

Забелешка: Луѓето со одредени здравствени состојби, како што е гихт, не треба да кон-сумираат овес. Доколку стра-дате од некои здравствени проблеми, кон-султирајте се со вашиот лекар пред да го промените начинот на исхрана.

Оваа каша многу лесно се приготвува, па може да ја приготвите во било кое време
Потребни состојки се овесни снегулки, ленено семе, неколку оревчиња и бадеми, неколку боровинки, суво грозје и млеко од соја.

Во длабок сад додајте 3 супени лажици ленено семе, половина лажичка ленено семе, 1 голема лажица оревиња и бадеми, 1 голема лажица боровинки, околу 10 семки суво грозје и на крајот ставете од млекото, колку да ги прелиете сите состојќи кои се наоѓаат во садот. Добро промешајте и почекајте 10 минути да се измешаат овесните снегулки со млекото.

Интересно е што овој рецепт може да го приготвите од претходната вечер и да го оставите во фрижидер преку цела ноќ. Наутро ќе добиете неверојатен вкус од оваа овесна каша. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска