Познато е дека од домашните уреди најмногу струја трошат пеглите, болјерите, експрес брзите рингли и оние големите, рерната, правосмукалките, машините за сушење алишта и останатите машини за перење.

Но, дали знаете дека некои домашни апарати на кои помалку внимаваме, водат таен живот додека се исклучени? Ова е попис на уредите кои трошат електрична енергија дури и кога се во состојба на мирување:

ПОЛНАЧ ЗА МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН

Многумина го оставаат полначот во штекер и откако завршиле со полнењето. Така се чини за попрактично, а често сме мрзеливи за да го извлечеме кабелот. Трошокот кој го прави еден полнач не е голем, но постои и ја зголемува сметката. Се проценува дека оваа пракса троши 1,2 вати дневно.

ДИГИТАЛЕН ПРИЕМНИК

На малкумина им е позната работата на дигиталните приемници, но тие продолжуваат да примаат сигнали и откога телевизорот е исклучен. Значи, кога ќе го исклучите телевизорот, исклучете го и приемникот доколку го имате засебно. Кога беспотребно работи, тој троши 22 вати дневно.

ТЕЛЕВИЗОР

Дали знаевте дека со притискање на копчето за исклучување, телевизорот всушно го ставате во состојба на мирување? За жал, тоа е така – целосно можете да го исклучите единствено ако го извлечете кабелот од штекер. Инаку, телевизор кој не работи троши 24 вати на ден.

КОМПЈУТЕРИ И ЛАПТОПИ

Дури и кога се исклучени, десктоп и преносните машини во позадина се’ уште работат. Ако не сакате да ви крадат 96 вати дневно, подобро е да ги исклучите од струја. Не треба да се истакнува дека ако овие уреди ги чувате на „стенд бај“, потрошувачката е уште поголема.