Консумирајте цвекло секојдневно, бидејќи нитратите од цвеклото се одлични во борбата против хипертензија, тврдат британските научници.
Лицата кои секојдневно консумирале цвекло или пиеле по една чаша сок од цвекло, крвниот притисок им се регулирал и се доведувал во нормални граници.
Способноста на крвните садови да се шират и стегаат (перисталтика), односно нивната еластичност, кај овие испитаници било забележано подобрување од 20%.
Кога се дигестираат нитратите од цвеклото тие се претвораат во натриумови оксиди и за неколку часови го намалуваат крвниот притисок.
Најдобро е секој ден со ручекот да јадете салата од цвекло и притисокот сигурно ќе ви се нормализира, а крвната слика ќе ви биде како на пилот, советуваат британските научници.