Пригответе ја следната смеса.
Потребни состојки:
20 г издробен прополис
50 г сув лист од пелин (artemisia absinthium)
200 мл алкохол 70% од аптека
150-200 г мед
Постапка:
Во стаклено шише ставете го прополисот кој претходно ситно сте го издробиле, 50 г сув лист од пелин кој можете да го купите од Билна аптека, и 200 мл медицински алкохол кој ќе го купите од аптека, но внимавајте да не е спирт, односно 98%. Во аптеката ако немаат 70% побарајте да ви го растворат или наместо ваков алкохол користете некоја јака домашна ракија која е над 40%.
Затворете го шишето (или теглата) и оставете го два дена да отстои на топло место, а повеќе пати во текот на денот протресувајте го.
Потоа, во смесата додадете 2 литри добро домашно бело вино и оставете го две седмици да “одлежи”. Ако не поднесувате горчливи напитоци, тогаш додадете 150-200 г мед и добро промешајте или протресете за да се раствори.
Процедете и складирајте во помали шишенца, добро затворете ги и чувајте ги на ладно.
Употреба:
Се консумира 3 пати на ден пред секој оброк по една лажица.
ДЕЈСТВО:
Ја регенерира оштетената слузокожа, благопријатно делува врз сите органи за варење, спречува дуење на стомакот и гасови, ја чисти крвта од разни отрови, го лекува и го јакне желудникот, помага во лекување на нервоза и други ментални пречки, благопријатно делува врз целокупниот организам.
p.s. Римјаните своите победници ги наградувале со напиток од пелин, како највисоко признание, за долг живот и добро здравје.