Home Останато Живот Видео кое расплака преку четири милиони луѓе: Бебешките солзи ќе ви го...

Видео кое расплака преку четири милиони луѓе: Бебешките солзи ќе ви го стопат срцето, сè ќе ви кажат

Последниве неколку денови на Интернет кружи снимка од бебе кое плаче од среќа, бидејќи за првпат го слуша гласот на својата мајка.

Девојчето Чарли е родено глуво, а со брзата интервенција на нејзините родители и лекарите бил направен слушен апарат кој го промени нејзиниот живот и на целиот свет му ја покажа реакцијата од која многумина се расплакаа.

Родителите на Чарли одлучиле да го снимат моментот кога таа за првпат ќе го слушне мајчиниот глас кој и говори дека ја сака.

А на прашањето од нејзината мајка дали кога ќе порасне ќе биде емотивна исто како мајка си, бебето климнува со главата.

Сите го споделуваат ова видео на социјалните мрежи, а досега е прегледано повеќе од 4,5 милиони пати.