Ако ви здодеа секојдневно да го корнете досадниот плевел, постои едноставно решение кое се крие во вашата кујна.
Плевел се сите инванзивни билки кои лесно се размножуваат, а поради кои се отежнува работата во градината. Плевелот честопати знае да го окупира просторот и да му ја одзеде храната на растението кое го одгледувате.
Исто така, плевелот може да расте и во најситните пукнатини од ѕидовите и патеките, помеѓу бехатонот и украсните цигли, па со нивната мрежа од корења да предизвикаат штета.
Некои пак видови плевел се штетни за поедини луѓе кои се алергични, па предизвикуваат труења и дерматитис.
Ако и вие имате ваков проблем, пробајте го овој домашен производ кој многу лесно се приготвува.
Потребни состојки:
¼ шолја сол
½ лажица детергент за садови
½ шолја јаболкова киселина
Постапка:
Сите состојки добро измешајте ги и добиената течност складирајте ја во шишенце со спреј.
Прскајте го директно само коровот, а другите билки заштитете ги со картонска плоча или слично.
Беш штетни хемикалии, природно и ефикасно.