Понекогаш, после машинското перење, а најчесто поради центрифугата или несоодветната температура, алиштата може да ја променат својата величина и да се намалат за еден или два броја.
За среќа на сите домаќинки, постои трик со чија помош лесно може да се поврати првобитната величина на стеснетите алишта.
Памучната облека лесно го враќа својот облик и првобитниот изглед, ако направите три едноставни чекори.
Се’ што ви е потребно: топла вода, детски шампон и голем пешкир.
Еве што треба да направите:
Облеката која се собрала при перењето, ставете ја во благ раствор од вода и детски шампон (на 1 литар вода – 1 супена лажица шампон). Оставете да отстои 20-тина минути.
Извадете ја облеката, малку исцедете ја па ставете ја врз пешкирот.
Свиткајте го пешкирот заедно со облеката во ролна, и оставете го така да отстои 15 минути.
Одмотајте го пешкирот па полека растегнете ја ткаенината. Влакната ќе бидат омекнати. Така, лесно ќе можете да ја вратите облеката во првобитната состојба.
После внимателното растегнување, оставете ја облеката да се суши врз пешкирот, во хоризонтална положба.