Многумина го обожаваат овој цврст јогурт не само поради кремастата конзистенција, туку и поради вкусот и млечниот мирис.
Сладоледите приготвени со ваков јогурт не фаќаат кристалчиња, зашто е густ, а ако се процеди речиси и да не содржи „течност“ во него.
Ќе ви претставиме неколку едноставни рецепти, а за последниот имате и видеопрезентација. Еве што ви е потребно:
РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар полномасно млеко, 75 г цврст јогурт.
ПОСТАПКА: Литар млеко загрејте го да дојде до фаза на зовривање, па тргнете го настрана и оставете малку да подизлади.
Кога млекото ќе се олади и ќе биде топло-млако (не врело), сипете во чаша или чинија неколку лажици од млекото и помешајте го со 3-4 лажици цврст јогурт, приближно 75 грама или речиси половина чаша од 180 г.
Добро промешајте, па вратете назад во преостанатото млеко. Бидејќи мене рерната ми беше топла од спремањето ручек, го оставив накратко тенџерето во топлата рерна.
Ако кај вас дома е топло, тогаш оставете го тенџерето на собна температура или завиткајте го добро во ќебе. Кога ќе стврдне чувајте го во фрижидер. Следи вториот рецепт:
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: од 900 г цврст јогурт добивате една чаша кремаст, густ и многу вкусен јогурт. Од алатки ќе ви бидат потребни: подлабок сад, цедалка и газа.
ПОСТАПКА: На малку подлабок сад поставете цедалка обложена со газа или чиста кујнска крпа.
Во цедалката истресете го јогуртот и оставете го во фрижидер преку цела ноќ, а следното утро ќе имате цврст јогурт. Од кантичка од 900 г се добива една чаша цврст јогурт, ќе се изненадите од количината вода која ќе се исцеди.
Овој јогурт е одлична база за сите сладоледи кои се приготвуваат со јогурт, бидејќи нема да се создаваат кристалчиња мраз кога ќе се исцеди сета таа течност.
Можете да го помешате со овошје, цимет, мед и што сакате. Можете и да го замрзнете, а потоа да го изматите и ќе добиете вистинско „froyo“. Следи третиот рецепт:
РЕЦЕПТ 3 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 литри свежо кравјо млеко, 2 супени лажици скроб/нишесте/густин и 100 мл јогурт.
ПОСТАПКА: Млекото сипете го во длабоко тенџере да се загрева на умерена температура. Во посебен сад одземете малку од млекото и убаво промешајте го со две супени полни лажици скроб.
Содржината вратете ја во тенџерето и промешајте за да се распореди рамномерно во млекото. Варете до точка на зовривање со непрекинато мешање.
Штом запени и почне да се подигнува, тргнете го млекото настрана и оставете да се олади. Потоа, од површината на млекото соберете го кајмакот.
Млекото треба да биде млако-топло, а најлесно се проверува со прст, односно температурата на млекото треба може да поднесе телото.
Сипете го јогуртот и промешајте. Потоа наполнете ги стаклените тегли, претходно измиени и стерилизирани.
Затворете ги теглите со нови капаци и наредете ги во загреана рерна на 100 степени. Штом ги ставите теглите исклучете ја рерната.
Вака оставете ги 4 часа за да се стегне јогуртот. Потоа чувајте во фрижидер. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте: РЕЦЕПТ ЗА КИСЕЛО МЛЕКО КОЕ СЕ СЕЧЕ СО НОЖ: Смеса која лекува дури 14 болести – ОВДЕ.