РЕЦЕПТ 1 – Потребни состојки: 2 литри млеко (по можност домашно, со висока масленост), 200 г готово кисело млеко, 1 лажица кисела павлака

Постапка: млекото сварете го и оставете го да се олади, но не целосно, треба да биде топло. Во една чинија ставете 200 г кисело млеко и 1 лажица павлака, промешајте и започнете да додавате по малку од топлото млеко и да мешајте со лажицата додека да се изедначи.




Смесата истурете ја назад во млекото и убаво измешајте. Потоа, вака подготвеното млеко прелијте го во соодветни садови и поклопете со капак или со проѕирна фолија. Оставете на топло некаде покрај извор на топлина (или завиткајте ги во топло ќебе) и оставете преку цела ноќ.




РЕЦЕПТ 2 – Потребни состојки: 1 литар млеко, 250 г кисело млеко/кисела павлака/цврст јогурт, (4 лажици шеќер, 2 кесички ванила – по желба). Постапка: 500 мл млеко ставете на оган и оставете да зоврие. Потоа тргнете го на страна и оставете го малку да излади (отстранете го кајмакот од површината).




Во посебен сад ставете 500 мл млеко на собна температура и во него растворете го киселото млеко. За сите што сакаат слатка варијанта од овој млечен производ, во млекото нека додадат шеќер и ванила, а за сите останати нека го прескокнат овој чекор.




Измешајте добро. Топлото млеко (проверете со прст дали е доволно изладено) започнете постепено да го додавате во ладното млеко со постојано мешање. Префрлете во соодветни садови, затворете ги стреч-фолија одозгора. Наредете ги во широко тенџере и налијте врела вода (ова ќе ги одржува топли. Одозгора поклопете со капак.




Оставете ги 6-7 часа да се оладат до собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер еден час. Ова кисело млеко е толку многу цврсто што можете да го сечете со нож.

Деталите од целата постапка можете да ја погледнете во видеото ОВДЕ. А сега прочитајте го РЕЦЕПТОТ СО КИСЕЛО МЛЕКО КОЕ Е ТОЛКУ МНОГУ ЛЕКОВИТО ШТО ЛЕКУВА ДУРИ 14 БОЛЕСТИ:




Рецептот со киселото млеко на легендарниот Профири Иванов со кој телото се рестартира и регенерира, а тоа значи дека сè она што не е во ред во телото поминува за 14 дена, во светот е познат како „Руска јога”.

Овој легендарен човек кој важел за „иcцелител“ на своите поколенија им оставил непроценливи совети за еколошки и здрав начин на живеење. Голем број од неговите следбеници се придржуваат на овие принципи и живеат според неговите совети. Тој бил убеден дека телото треба да се прочистува најмалку еднаш на секои шест месеци, односно двапати годишно.




Честите настинки, разни инфекции, замор, поспаност, деконцентрација – сите овие состојби се доказ за присуство на ток-сини во организмот, кои го спречуваат нормалното функционирање на организмот. Не треба да се занемари фактот дека непрочистеното тело, недостигот на сон, ст-ресот и најмногу од сè – нездравата исхрана е примарниот извор на покачениот холестерол.




ЕЛИКCИP НА ЗДРАВЈЕТО. Ефикасниот природен лек кој го користи „руската јога“ содржи само две состојки, но има безброј придобивки. Тоа се кисело млеко (или јогурт/кефир) и брашно од хељда. Рускиот лекар овој напиток го нарекува „Ајран“.

Хељдиното брашно има извонредни лековити својства, го зајакнува организмот, ги регенерира кр-вните садови, го намалува заморот, ја зголемува циркулацијата на кр-вта во рацете и нозете, го намалува лошиот холестерол и го зголемува излачувањето на урината.

хељда




Комбинацијата е одлично средство за подобрување на меморијата и концентрацијата (особено за постарите лица). Самиот руски лекар ја користел оваа мешавина во текот на целиот живот. Исто така, го намалува кр-вниот притисок, помага при атеросклероза и лекува опстипација.

Друг позитивен ефект од неговата употреба е тоа што го нормализира метаболизмот и функцијата на панкреасот и го зголемува нивото на хемоглобинот во кр-вта.




Потребни состојки: 1 лажица хелдино брашно, 180 мл кефир (во оригиналот користи кефир или природно зреано кисело млеко) и ½ – 1 лажичка мед

Постапка: во кефирот промешајте го хељдиното брашно и добро промешајте. Мешавината треба да ја приготвите навечер, а да ја конcyмирате следниот ден за појадок. Оставете ја на ладно или во фрижидер.

Пред јадење промешајте уште еднаш и засладете со малку мед, по желба. После јадењето на овој лековит напиток не треба да јадете ништо во следните три часа. Терапијата трае 14 дена без прекини. Резултатите се многу позитивни.