Освежителна торта сладолед која освен што прекрасно изгледа, има и преубав вкус. Се прави многу лесно и брзо и има три слоеви кои одлично се комбинираат заедно. Базата е чоколадна, а сите три делови се разликуваат со додавање на различни состојки како плазма, млечно чоколадо, ореви…
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 литар млеко, 300 г шеќер, 2 ванилин шеќер, 500 г шлаг (во прав), 300 мл газирана вода, 200-300 г ореви, 250 г млечно чоколадо (милка или по вкус), 200 г плазма, 40 г желатин (4 кесички и малку вода). Колачот се приготвува во плех со димензии 36х26 см.
ПОСТАПКА: млекото заедно со шеќерот и ванилин шеќерот ставете ги на оган, па откако ќе зоврие мешајте и варете уште 5 минути за да се растопи убаво шеќерот. Потоа тргнете го настрана и оставете да излади. Шлагот кој можете да го купите и на мерење од продавниците за здрава храна, изматете го заедно со газираната вода.
Миксајте додека да добиете цврст шлаг. Желатинот од кесичките измешајте го со малку млака вода според упатството и оставете го да набубри. Потоа растопете го на пареа и додајте го во млекото. Промешајте убаво за да се раствори во млекото, а потоа оставете да згусне исто како пудинг или гриз.
Изматениот шлаг постепено додавајте го во згуснатото млеко и изматете со миксер. Кога ќе целосно ќе ги соедините двете смеси (шлагот и желтинозното млеко), добиениот крем поделете го на три еднакви делови. Во првиот дел додајте мелена плазма и промешајте да се изедначи.
Во вториот дел додајте мелени ореви или лешници по избор, а во третиот дел додајте растопено млечно чоколадо (исто така, по ваш ибор). Какво чоколадо ќе употребите, таков ќе биде вкусот на овој крем. Плехот убаво обложете го со проѕирна фолија од сите страни. Прво ставете фил од плазма, па фил од чоколадо и на крај фил од ореви.
Израмнете убаво и тортата ставете ја преку цела ноќ во фрижидер. Следниот ден превртете ја врз тацна и отстранете ја фолијата. Одозгора украсете ја по желба, сечете и послужете. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
(втор рецепт) Сладолед крем колач кој ќе ве восхити. Овој крем колач е многу вкусен, Добро изладен може да послужи наместо сладолед. Не е комплициран. Брзо се приготвува, а ќе ви бидат потребни следниве состојки:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 пудинг од малина, 2 пудинг со вкус на слатка павлака (или ванила), 1,6 литар млеко + 100 мл за натопување на кексите, 400 г кекси (36 бисквити), 500 мл слатка павлака, 6-7 лажици мармалад/џем, 10 лажици шеќер, 10 г желатин (1 кесичка) + 50 мл ладна вода, 1 кесичка крем фикс, 8 крем банани и плех 23х23 см
ПОСТАПКА: кратко натопувајте ги бисквитите во млеко и редете ги како подлога во плех со димензии 23х23 см или со слична големина. Потребни се 3х4, вкупно 12 бисквити за еден ред. Одозгора премачкајте ги со тенок слој џем со 3-4 полни супени лажици.
Потоа наредете уште 12 бисквити, исто така, претходно кратко натопувани во млеко. Повторно одозгора премачкајте ги бисквитите со неколку лажици џем и по третпат наредете нови 12 бисквити, кратко потопувани во млеко. Една кесичка желатин од 10 г растворете во 50 мл ладна вода.
Во друг сад со 200 мл ладно млеко ставете 5 лажици шеќер и прашокот за пудинг со вкус на малина. Промешајте убаво за да нема грутчиња. 600 мл млеко ставете на оган, па кога ќе зоврие, намалете ја температурата и додајте го разматениот пудинг. Мешајте постојано додека да згусне. На ист начин згответе го и белиот пудинг.
Желатинот поделете го на два дела, и секоја половина додајте ја во двата сварени пудинзи. Изматете со миксер за убаво да се соединат. Пенасто изматете половина литар слатка павлака додека да добиете цврст шлаг. Во матењето додајте и една кесичка крем фикс.
Една третина од изматената слатка павлака додајте во белиот пудинг и изматете со миксер за да се соедини. Половина од овој фил рамномерно распоредете го врз бисквитите, па врз него наредете 8 крем бананчиња. Врз нив распоредете го остатокот од филот и израмнете.
Една третина од изматената слатка павлака ставете во пудингот од малина и изматете со миксер за да се соедини. Целиот фил рамномерно распоредете го врз белиот фил (малку оставете за декорација). Одозгора завршете со шлагот од слатка павлака. Пред сечење и послужување колачот добро изладете го. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.