Чорапите се омилен избор кога сакаме да се заштитиме од студ. Исто така, со чорапите ги заштитуваме стапалата од нечистотија и од непријатните материјали на вашите чевли. А може да ги користите и кога не сакате нозете да ви бидат разголени или сте поканети на некоја елегантна пригода. Меѓутоа, дали треба да имаме чорапи и за спиење?
Некои луѓе не можат да си го замислат одењето в кревет со чорапи, но некои си имаат специјални чорапи токму за оваа намена – за спиење в кревет. Поради оваа тема многу од паровите имаат влезено во конфликт докажувајќи се пред другиот дали е подобро да се спие во чорапи или не.
Без разлика на која страна од дебатата припаѓате, добро е да го прочитате текстот, зошто носењето чорапи в кревет, всушност има улога во регулацијата на температурата на телото и треба да размислите пред целосно да ја исфрлите идејата за топли чорапи при спиење.
Сонот е важен дел од животот на секој поединец и клучен за нормално функционирање во текот на денот. Голем број од луѓето поминуваат една третина од денот во спиење, а меѓу нив има многу кои во кревет легнуваат со чорапи.
Кога навечер ќе ги загреете стапалата, се испраќа сигнал до мозокот дека е време за спиење. Кога крвните садови во стапалата и рацете че се рашират и ќе се создаде природна вазодилатација, топлината се шири по целото тело и тоа се подготвува за сон, што обезбедува помирен сон и што е најважно, главно без прекини.
И не само тоа, научнците откриле дека кога навечер ќе облечете чорапи, ќе заспиете побрзо, дури 15 минути побрзо отколку што просечно ви е потребно. Спиењето со чорапи е корисно и помага побрзо да потонете во подлабоките нивоа на сон, а околу 4 часот наутро кога температурата на телото е најниска, на овој начин на организмот ќе му биде овозможена доволно топлина.
И алтернативната медицина се сложува со овие заклучоци. Според традицоналната кинеска медицина, студените стапала ја повлекуваат и ја “трошат” топлината од телото, а на тој начин го прекинуваат дотокот на витална енергија. На просечна возрасна личност потребни и се седум или осум часови сон.
Ако ве интересеира, прочитајте и за тоа како се комбинираат чорапите:
Белите чорапи се исклучително само за спорт
Можеби постои опција во која белите чорапи се носат надвор од спортските активности и модата, но освен ако не сте Мајкл Џексон, стилистите велат дека таква опција не постои. Доколку сепак инсистирате, слободно можете да носите бели чорапи. Но, ако сепак не сте сигурни, тогаш одберете си друга боја. Дури и во комбинација со фармерки, белите чорапи не се добар избор.
Елегантен чевел секогаш оди во комбинација со елегантна чорапа
Ако планирате да носите елегантни чевли со одело или слично, никогаш не облекувајте спортски чорапи, без разлика каква боја се. Не е важно дали чорапите се црни, туку важен е материјалот. Спортските чорапи обично се подебели, а за комбинација со костум одберете потенки, фини модели.
Бојата на чорапите комбинирајте ја со панталоните, а не со чевлите
Бојата на панталоните секогаш комбинирајте ја со бојата на чорапите. Црните панталони си одговараат со црни чорапи, додека кафеавите со кафеави чорапи. Истото важи и за сивата и сината боја и сите останати бои. Ако се двоумите околу нијансата, секогаш одберете малку потемна боја од таа на панталоните, помала е веројатноста дека ќе погрешите.
Почесто купувајте нови чорапи
Купувајте нови чорапи на секои шест месеци. Веројатно не треба да купувате цела нова колекција, но барем купите три нови модели. Никогаш не можете да знаете во каква ситуација ќе се најдете и дали ќе мора да ги соблечете чевлите, и верувајте, не би сакале да ви излегува прстот од чорапата. Затоа, редовно фрлајте ги носените и излитени чорапи, особено оние скинатите.
Носете чорапи со шарен дизајн
Чорапите со шарен дизајн или пак со вашиот омилен јунак од цртаните филмови, се одлични, но тие се „за по дома”. Ако носите такви чорапи на работа или пак кога сте излезени со пријателите, луѓето ќе ве сметаат за незрела личност, а можно е и лисчно да ги слушнете шегите кои веднаш ќе бидат смислени за вас.
Чорапи и сандали не доаѓаат во предвид
За најлошата се смета комбинацијата чорапи со сандали. Не помислувајте вака да излезете во јавност, советуваат стилистите, освен ако сте во брзање и за во двор. Уште една важна работа која треба да ја знаете е дека не треба да носите високи чорапи во комбинација со кратки панталони. Затоа, купете си што повеќе модели на кратки чорапи за во лето.