Потенцијални причини за срцев удар
Холестерол е збор со кој лекарите го „плашат“ скоро секој нивен втор пациент над 30 годишна возраст. Но, што всушност претставува тој и секогаш ли е опасен, доколку во човечкиот организам дојде до зголемување на холестеролот?
Холестерол го има во многу живи организми. Кај човекот тој истовремено се обработува во неколку органи- црниот дроб, бубрезите, надбубрежните жлезди и некои делови од половиот систем.
Околу 80% од холестеролот во организмот го произведува самиот тој,а останатите 20% се внесуваат преку исхраната. Меѓутоа не секогаш холестеролот е штетен, бидејќи тој постои во телото во форма на соединенија – липопротеини. Истите тие соединенија се делат на два вида – со висока и со ниска густина.
Липопротеинот со ниска густина т.н. LDL холестерол го зголемуваат ризикот од стеснување и затнување на крвните садови, што доведува до инфаркти или мозочни удари.
Големото количество протеини со висока густина или т.н. HDL холестерол напротив – се смета за знак на добро здравје.
Еве кои се најчестите причини за зголемување на холестеролот и ризикот врз нашето здравје:
Прекумерната тежина – кај луѓето со вишок килограми нивото на HDL холестеролот е понизок од нормата. За среќа, за да се справите со овој проблем, не е потребно да земате лекови – доволно е да ја намалите вашата тежина.
Премногу масти во храната – од сите фактори кои влијаат на нивото на холестерол во крвта, овој е можеби најважниот. Затоа – ако навистина сакате да го заштитите срцето, внимавај што јадете и колку масти внесувате преку исхраната.
Премала физичка активност – отсуство на физичка активност врз организмот го има истиот ефект како дебелеење – дури и ако вашето тело изгледа совршено. Опасноста од срцев и мозочен удар станува се поголема, затоа ве советуваме секојдневно бараем по 15 минути да одвоите за пешачење.
Наполнивте 50 години – по 20-тата година нивото на холестерол започнува бавно, но постојано да се зголемува. И тоа не зависи од телесна тежина или начинот на исхрана, туку од возраста, па и кај мажите и кај жените нивото на холестеролот се покачува до одреден степен.
Имате генетска предиспозиција – ако сте од семејство во кое доста луѓе страдале од кардиоваскуларни болести, тоа не е добра вест – овој тип болести често се пренесуваат во наследство. Ако некој од родителите има зголемен холестерол, добро е редовно да го проверувате и контролирате холестеролот во крвта.
Пушењето – за штетноста од цигарите имаме слушано многу, па еве уште еден факт – пушењето го намалува нивото на HDL холестеролот што, на крајот резултира со негативен ефект врз срцето.
Проблеми со тироидната жлезда – зголемениот холестерол може да биде симптом или последица од некоја болест. На пример – дијабетес или хипотиреоза – нарушување на функцијата на тироидната жлезда. Знаци на хипотиреозата се лесен замор, поспаност, опаѓање на косата, запек и подуено лице.