Главоболките се најчестите тегоби од кои страда современиот човек. Потеклото и видот на болката може да биде различен. Но пред да посегнете по аналгетиците, побарајте помош во природата.
Како многу ефикасни се покажале облозите од лимонов сок кои се ставаат на чело и слепоочници.
Одличен избор претставува и чајот кој се прави од парче ѓумбир исечен на парчиња и стапче цимет.
Кога ќе проврие, варете уште 10-тина минути на тивок оган, а потоа процедете и пијте.
Или пак, пробајте со босилек ако имате во вашата градина, уште подобро. Можете да џвакате свежи листови од оваа зачинска билка или да сварите чај од неколку листови босилек во кој после ќе додадете малку мед.
Народот честопати му препишува магични моќи на босилекот: со оваа билка се штити новороденчето, се китат момците и девојките, а девојките го користеле како парфем и си ставале китка на појасот, за подоцна да им го подарат на момците.
Исто така, се вели дека прво во градината треба да се засади босилек, а дури потоа и останатите билки.
Босилекот штити од зло, бидејќи се смета дека злото не може да престојува онаму каде што има босилек.
Моќен борец против ужасната главоболка претставува и напитокот кој се прави од анасон, 4 листови кељ, половина краставица, гранче целер и 1,5 см корен од ѓумбир.