Имате густа, леплива, белузлава, горчлива или кисела плунка, сува уста или вишок на плунка? Дали знаете дека со помош на плунката може да го одредите присуството на габата кандида во вашиот организам?

Плунковните жлезди дневно излачуваат од 800 мл до 2 литри плунка (салива). Иако не обраќаме големо внимание на течноста која ни се наоѓа во устата, таа може да биде многу добар показател за нашата здравствена состојба.

Плунката ни е неопходна за варење на храната, одржување на влажноста, подмачкување и физиолошко чистење на усната шуплина, превенција од кариес на забите, а има и значајна улога во одржувањето на физиолошката состојба на целата уста и почетниот дел од дигестивниот тракт.

Најголем процент во составот на плунката е вода (98-99%), а остатокот се електролити, антибактериски супстанции водород-пероксид, имуноглобулин А, разни ензими.

Кога во организмот се одвива некој процес, овој состав се менува, па така на основа на состојбата на плунката може да се открие на кое место во телото се наоѓа проблемот.

НЕДОСТИГ НА ПЛУНКА

Сувост во устата и малку плунка може да настане после консумација на некои лекови, на пример антидепресиви, атропин и слично. Овој проблем може да се јави и после радиотерапија, поради автоимуна болест на плунковните жлезди и вроден недостаток на плунковни жлезди.

Недостиг на плунка често се јавува кај повозрасните лица, кои поради здравствени тегоби мора да земаат повеќе лекарства. Се препорачува пиење на доволно течности, како и консумација на цитруси кои го подобруваат лачењето на плунката.

Неопходно е да се води повеќе сметка за хигиената на устата и на тој начин навремено да се заштитат забите од кариес. Експертите советуваат забниот конец и пастите кои содржат флуорид да се користат најмалку двапати дневно.

ПРЕКУМЕРНО ЛАЧЕЊЕ НА ПЛУНКА

Чест проблем во текот на бременоста поради хормонските промени, или како нуспојава на мачнината и надразнувањето за повраќање. За среќа, прекумерното лачење на плунката во овој случај не остава последици по здравјето. Најдобро во тие ситуации е да се земе гума за џвакање или бонбона.

Други причини поради кои некогаш постои вишок на плунка, можат да бидат: консумација на одредени лекови, пропратни симптоми на некои заболувања, или некое психичко заболување при кое се лачи нормална количина на плунка но сепак таа истекува од устата.

БЕЛА И ЛЕПЛИВА ПЛУНКА

Доколку плунката стане бела и леплива, треба да се посомневате на инфекција во усната шуплина. Причина може да биде габата кандида албиканс, но и доколку во устата било суво подолго време. Ова често се случува ако се дише на уста, наместо на нос.

ГОРЧЛИВА ИЛИ КИСЕЛА ПЛУНКА

Непријатно чувство на горчина или претерана киселост во устата обично укажува на гастроезофагеален рефлукс, односно враќање на желудечната содржина и сокови од желудникот во хранопроводникот. Како резултат на тоа се јавува непријатен кисел вкус во устата и грлото, често проследено со ждригавица. Може да се јави и лош здив и мачнина во желудникот.

ТЕСТ ЗА КАНДИДА – ДАЛИ ИМАТЕ КАНДИДА:

Ова е домашен тест со чија помош луѓето со години наназад го одредуваат присуството на кандида во својот организам. Тестот е многу едноставен, бесплатен и дава добри резултати.

1.Пред спиење наполнете една чаша со вода и оставете ја крај креветот.

2.Следното утро, веднаш штом се разбудите, плукнете во водата.

3.Не се обидувајте да собирате повеќе плунка, туку само исплукајте онолку колку што имате во устата.

4.Оставете да поминат 15 минути.

5.најдете извор на светлина и погледнете во чашата.

6.Ако вашата плунка останала на површината од водата, или потонала – со вас се’ е во ред. Нормално е ако во водата има меурчиња со воздух од вашата плунка.

7.Ако водата се замати, или се гледаат ленти/конци кои се спуштаат надолу, или ако плунката целосно пропаднала на дното – постои голема можност да имате премногу кандида во организмот.

8.Во тој случај обратете се на лекар и направите дополнителни тестирања.

СИМПТОМИ ЗА ПРЕГОЛЕМО ПРИСУСТВО НА КАНДИДА ВО ОРГАНИЗМОТ

-Хронични габични инфекции со симптоми: јадеж, печење и појачан секрет.

-Дигестивни пречки, надуеност, гасови, грчеви, дијареа, констипација, ждригавица

-алергија, кивање, затнат нос, астма, чести настинки, хроничен исцедок од носот

-хроничен умор

-анксиозност, депресија, слаба концентрација

-проблем со менструалниот циклус

-кожни осипи

ШТО ПРЕДИЗВИКУВА РАСТ НА КАНДИДАТА

-лекување со антибиотици

-ослабен имунолошки систем

-употреба на хормонска терапија, контрацептивни пилули

-исхрана богата со рафиниран шеќер

-бременост

-дијабетес