Одличен колач кој брзо се приготвува а има освежувачки вкус, ви го препорачувам…
Потребни состојки:
4 јајца
1 шолја шеќер од 200 мл
1 шолја млеко
1 шолја масло
2 шолји брашно
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер
за прв фил:
1 литар млеко
3 пудинзи од ванила
6 лажици шеќер
за вториот фил:
1 кг рендани јаболка
3-4 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
Постапка:
Пудингот сварете го според упатството на кесичката.
Јаболката изрендајте ги, додадете шеќер па малку издинстајте ги на тивко додека да испари водата. Оставете да излади.
Изматете со миксер јајца, шеќер, ванилин шеќер додека да станат пенасти, па во тенок млаз додадете масло, млеко и на крај брашно промешано со прашок за печиво.
Половина од тестото излејте во намастен плех, а можете и во тркалезен калап за торти бр 26, па оставете да се пече на 200 степени околу 10 мин додека кората малку да пожолти.
Потоа плехот извадете го надвор па преку него премачкајте со пудинг кремот, па потоа и филот од јаболка.
Сето тоа прекријте го со остатокот од смесата па вратете во рерна уште 15-тина минути да се испече до крај.
Пред послужување колачот наросете го со шеќер во прав.