Home ситни колачи ВАНИЛИЦИ Какви не сте пробале досега…Совршена комбинација од вкусови…Ќе се уверите кога...

ВАНИЛИЦИ Какви не сте пробале досега…Совршена комбинација од вкусови…Ќе се уверите кога ќе пробате…

ВАНИЛИЦИ Какви не сте пробале досега…Совршена комбинација од вкусови…Ќе се уверите кога ќе пробате…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
150 г путер, на собна Т
50 г шеќер во прав
1 жолчка од јајце
150 г меко брашно
120 г остро брашно

За фил измешајте:
џем од вишни (300 г)
50 г чоколадо за готвење
50 г мелени бисквити

За посипување:
1 лажичка кафе
1 лажица какао

ПОСТАПКА:

Пенасто изматете го путерот со шеќерот во прав, па додајте жолчка и соединете. Додајте ги брашната и замесете комапктно тесто. Развлечете го помеѓу 2 листа хартија во тенка кора 3-4 мм.

Со чаша или модла вадете мали крукчиња, наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 12 минути. Оставете целосно да се оладат.

Потоа спојувајте ги со фил по две и посипете ги со мешавина од какао и кафе. Постапката погледнете ја ОВДЕ.