Потребни состојки за тесто 1:

100 г путер ладен

125 г меко брашно

125 шеќер во прав

1 лажичка екстракт од ванила

За основно тесто:

120 г меко брашно

100 мл млеко

100 мл вода

1 лажица шеќер

Малку сол

80 г масло

4 јајца

За крем:

400 мл млеко

4 жолчки

80 г шеќер

30 г густин

50 г путер

200 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

За тесто 1: исечете го ладниот путер на помали парчиња, а потоа помешајте го со брашното, шеќерот и ванилата. Ќе добиете еластично тесто кое треба еден час да се лади во фрижидер.

Додека се лади тестото загрејте ја рерната на 180 степени.

Основно тесто: Во еден сад ставете млеко, вода, путер и загрејте додека путерот да се растопи. Додадете брашно, шеќер и сол и одеднаш, брзо мешајте додека тестото да се соедини и формира во топка, па тргнете на страна.

Префрлете го тестото во друг сад и додавајте јајца едно по едно мешајќи со дрвена лажица додека тестото да стане мазно и сјајно.

Наполнете шприц (2,5 см врв) со тесто, па на тепсија обложена со хартија правете стапчиња долги 8 см, а помеѓу секое оставајте по 10 см, зошто при печење нараснуваат.

Сега извадете го тестото од фрижидер, направете го во вањак и исечете го на тенки ленти со кои ќе го прекриете основното тесто. Ставете во рерна и печете 10 минути. Потоа отворете ја вратата од рерната и печете уште 20 минути со отворена врата од околу 3 мм (попречете со дрвена лажица), додека да добијат златна боја. Оставете добро да изладат и потоа полнете ги.

За крем: изматете ги заедно жолчките и шеќерот, а потоа додадете густин. Треба да биде мазно и без грутки. Млекото и ванилата ставете ги да се сварат. Полека жолчките во тенок млаз додадете ги во млекото и сварете го кремот додека да згусне. Оставете да излади околу 10 минути, а птооа додадете путер и мешајте додека се растопи и соедини.

Потоа изматете шлаг и соединете со изладениот крем. Со добиениот фил полнете ги еклерите (направете три дупки и поленет). Одозгора наросете со шеќер во прав.