Фото и рецепт: Милана Маркус

Потребни состојки:

350 мл вода

1 супена лажица шеќер

3 супени лажици масло

Се става на оган да проврие. Се трга од оган и се додава:

250 г брашно,

па со лажица добро се промешува. Тестото се остава да излади.

Кога тестото е изладено, се додаваат 4 јајца, едно по едно. Секој пат пред додавањето на следното јајце, претходното треба добро да се впие во тестото. Матете со миксер, со жици за тесто.

Рерната загрејте на 200 степени. Со шпиц вадете ги тулумбите во плех обложен со хартија за печење. Печете ги околу 20-30 минути.

Прелив:

500 г шеќер

500 мл вода

½ лимон

2 ванилин шеќер

Сварете го шербетот, но не предолго, за да не биде многу густ. Изладете.

Врз ладните тулумби прелијте го ладниот шербет, за да останат крцкави.