Омилениот ручек се подготвува многу брзо и лесно – најдобрите ќофтиња во сос. Еве што ви е потребно:
За ќофтиња ви е потребно: 500 г мелено месо, 1 главица црвен кромид, 3 чешниња лук, 1 јајце, 2 лажици лебни трошки (презла). Зачини: сол, мелен сув зеленчук (вегета), црн пипер, мелен црвен пипер и магдонос, малку брашно за валање на ќофтињата
За сосот ви е потребно: маслото во кое се пржеа ќофтињата, 1 лажица путер, 1 лажица брашно, 200 мл доматно пире. Зачини: сол, мелен сув зеленчук (вегета), црн пипер, мелен црвен пипер, босилек, 2 ловорови листови и магдонос (прилагодете ја количината на зачини според вашите потреби), 700 мл млака вода
Кога ќе зовријат, ќофтињата се варат 40 минути на умерена температура.
ПОСТАПКА: Зеленчукот ситно исечкајте го, па заедно со меленото месо и зачините по вкус измесете го за да се соедини во изедначена смеса. Обликувајте топчиња и валајте ги во брашно.
Во длабок сад загрејте масло на умерена температура, па пропжете ги ќофтињата колку да заруменат од сите страни. Ќофтињата извадете ги во чинија настрана, а во маслото во кое се пржеа додајте мало парче путер да се растопи.
Потоа сипете лажица брашно и мешајте за да се разбијат грутчињата и малку да се пропржи. Потоа додајте една чаша доматно пире и промешајте.
Полека додавајте 700 мл млака вода додека непрекинато мешате. Зачинете по вкус, па вратете ги ќофтињата назад во тенџерето и оставете да се готват заедно на тивок оган, под капак, приближно 40 минути или додека да ја постигне посакуваната густина.
Повремено промешувајте и проверувајте. Пред крај додајте сув или свеж магдонос. Послужете со компир пире или прилог по ваш избор. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.