Миењето прозори за многумина претставува вистинска мaка, а белите трагови и некои матни дамки кои остануваат и после повеќекратното пребришување, не се нималку убава глетка и на многумина им причинуваат главоболка. Доколку сакате брзо и лесно да ја исчистите секоја стаклена површина во вашиот дом, употребете ги овие три одлични методи:




1.КОРИСТЕТЕ ДЕСТИЛИРАНА НАМЕСТО ОБИЧНА ВОДА: Водата во повеќето градови е доста „тврда“, односно содржи голема количина на бигор и минерали кои се одговорни за белите траги кои острануваат долго на стаклените површини и после чистењето.




Токму поради тоа, дестилираната вода е подобар избор. Пред да го употребите средството за чистење стакло, површината пребришете ја со мек сунѓер претходно натопен во дестилирана вода, и пред гланцањето завршете со плакнење исто така, со дестилирана вода.




2.Употребете оцет наместо средство за чистење. Алкoxoлниот оцет е идеален додаток во салатите, но исто така, и во чистењето на станот и прозорите. Едно шишенце со распрскувач наполнете го до половина со оцет, а другата половина дополнете ја со дестилирана вода. Прозорите добро испрскајте ги и пребришете ги, а доколку е потребно, повторете ја постапката.




3.Исполирајте со „магична“ крпа. Кај миењето прозори и други стаклени површини многу е важен завршниот дел: крпата за полирање. Најголема грешка е ако прозорите ги пребришувате со памучна крпа за садови или хартиени салветки, бидејќи тие зад себе оставаат ситни влакненца.




И додека некогаш хартијата од дневните весници беше дефинитивно број еден за гланцање на стаклата, денес може многу полесно оваа работа да се заврши со помош на таканаречените „магични“ крпи. Станува збор за повеќенаменска крпа направена од микро влакна која совршено и брзо ја впива влагата.




Со оваа крпа можете да ги пребришувате остатоците од влагата, но и да се исполира веќе измиениот прозор. Откако стаклото ќе се исуши со сувата магична крпа уште еднаш детално пребришете. Таа ќе ги отстрани и најмалите траги од дамки и вода.




Доколку имате фиксен прозор, сигурно се соочувате со реален проблем кога станува збор неговото чистење. Меѓутоа и за овој проблем има решение, и тоа многу едноставно и лесно, само потребно е да набавите специјална алатка.




Иако е најдобро да се одбегнуваат и да не се вградуваат фиксни прозори кај кои е оневозможен пристап од надворешна страна, сепак понекогаш е невозможно да се одбегне таквото решение. Доколку имате ваков случај, сигурно веќе се прашувате – како да се одржува неговата чистота?




Тука на сцена стапува едно иновативна алатка за чистење на прозори – Глидер, кој функционира со помош на магнети. Мора да признаеме, многу креативна алатка која на многумина им заштедила пари и време.

Глидер всушност е чистач на прозори кој овозможува да ги измиете прозорите од надворешна страна, а вие сепак да останате внатре. Со вас е поврзан со сигурносна врвка која завршува со прстен, кој го носите на рака во случај ако падне чистачот, што речиси никогаш не се случува.




Но, најдобро е сами да погледнете како оваа алатка функционира во видеото подолу. Во Европските држави веќе со години имаат и користат негови верзии. Да се надеваме дека наскоро овој производ ќе се појави и во нашите продавници со достапна цена за секого. како функционира овој производ погледнете ОВДЕ.