Кога на нашите возрасни деца ќе им кажеме дека „во наше време“ немаше клима уреди, немаше мобилни телефони туку фиксни, а за линија некогаш моравме со часови да чекаме, тие се чудат и прашуваат „па, како сте живееле?!“ Ајде да се присетиме како изгледаше животот на еден просечен Југословен.
Сигурно многумина со носталгија се присеќаат н тоа време, и иако немавме многу од нештата кои денес ги имаме, сепак, многумина ќе ви кажат дека посреќно се живееше.
Неоспорно е дека, како што напредува технологијата и поминува времето, така се зголемуваат и работите што ги користиме во секојдневниот живот – од апарати, преку опрема за домаќинство и секојдневни потреби и украси за домот. Во „тоа“ време, без овие предмети, домот на просечното југословенско семејство беше незамислив:
1.Сет од садови кој стоеше во витрина и беше забранет за употреба
Секоја куќа имаше барем еден комплет чаши, порцелански шолји за кафе и чај или чинии кои се чуваа како скапоценост и никој не смееше да ги користи, а само еден Бог знае зошто.
Тие обично остануваа така недопрени, бидејќи секогаш се чуваа за некоја посебна пригода која никогаш не била доволно посебна. Поголемиот дел од нив беа фрлени од новите генерации како „демоде“, а само ретки познавачи на вистинки квалитет ги имаат сочувано до денес.
2.Големи бокали
Порано беше сосема незамисливо да се послужи гостин со сок директно од тетрапак или да се носи чаша во кујната за да се наполни вода на чешмата, па така да му се додаде во рака.
На масата секогаш имаше порцелански или керамички бокали со прекрасен, главно цветен дезен. Подоцна беа заменети со стаклени бокали кои обично доаѓаа во пакување со чаши со идентичен дезен.
3.Теписи со карактеристичен дезен
Дневната соба, како и сите останати, не можеше да се замисли без тепих оптегнат од ѕид до ѕид, главно црвен или зелен, со дезен што нè прави носталгични…
Теписите редовно се переа летно време со четка за рибање, прашок Биљана и се плакнеа со вода од црево. За децата растени во тој период перењето теписи беше вистински настан и радосно доживување.
4.Кристална вазна (или имитација)
Вазни, украсни корпи и кутии кои беа или изгледаа како да се направени од кристал беа најпосакуваниот подарок. Да не ви бил човек во кожа, ако во тоа време сте биле дете и случајно сте скршиле некои од овие предмети на вашата мајка или баба…
А, кога сме кај вазните, во креденците се чуваа исти такви кристални садови со кристални капаци за чување на бонбони, а при секое отворање се ширеше пријатен мирис на нафталин…
5.Беше невозможно без таписерии и гоблени
Речиси секоја куќа имаше барем еден гоблем урамен во раскошна рамка. Обично тоа беше девојка која чита книга или разиграни мачиња кои играат со клопче волница. Во тоа време, тој беше одраз на добриот стил и врвот на ентериерско уредување.
6.Прибор за јадење
Никој друг не доаѓаше во предвид. Речиси сите го имаа овој прибор за јадење кој се носеше дури и на одмори и на излетни ручеци.
7. Музика
Од плочи и грамофони се слушаше добра музика. Денес е незамисливо, но во времето на Југославија, за да се дојде до музичка плоча, требаше особено да се потрудите, особено ако стануваше збор за некои странски изведувачи.
8. Лимени садови
Ништо послатко од јадење од вакви јадења, нели? Млекото се подгреваше во во вакви садови, па дури и јајца се пржеа во нив. Немаше што не може да се приготви и послужи во овие лимени садови. И што е најважно, не се кршеа.
9.Лимени виткачи („виклери“)
Секоја дама која се грижеше за својот изглед, носеше локни, а најубавите локни се правеа со овие „виклери“.
Мајките имаа посебен ден кога витлерите ги грееја во топла вода, па на нив се прикачуваа ластичиња, па прамен по прамен се пакуваше косата и така си легнуваа. Само тие знаат колку им било неугодно со „виклерите“’, но секоја имаше преубави локни.
10. Познатата правосмукалка „Слобода-Чачак“
Малку куќи во Југославија го немаа. Не премногу убав, секако бучен, со текот на времето се одомаќин речиси како член на семејството. Неговите перформанси сè уште се вивнуваат до небото и достигнуваат митски размери. Немаше дом што го немаше. Беше престиж да се добие ваква правосмукалка како подарок за свадба.
Што се сеќавате како највпечатливо од тој период?