Потребни состојки:
-јајца
-лушпи од кромид
-сол
-оцет
-вода
-ластичиња за тегли
-масло
Постапка:
Јајцата измијте ги убаво и сварете ги во вода со неколку лажички сол, 10-12 минути од почетокот на вриењето.
Полуизладените јајца се обвиткуваат украсно со ластичиња, обични, оние за тегли.
Во врелата вода во која се варе јајцата, додадете лушпи од кромид и неколку лажици оцет, а потоа внимателно распоредете ги јајцата.
Обратете внимание лушпите да бидат рамномерно распоредени и сите јајца да бидат под вода. Вратете ги на топлата рингла уште 10-15 минути, но не треба врие.
Вака се оставаат додека да ја добијат саканата нијанса, па се вадат ластичињата и се оставаат на кујнска крпа, па се премачкуваат со масло за да добијат сјај.