УТРЕ ПОЧНУВА БОЖИЌНИОТ ПОСТ: МЕНИ за следните 40 ДЕНА. Утре започнува постот кој трае 40 дена, до Божик, а во оваа прилика споделуваме 40 предлози за посни јадења…
Обичаи
Божиќниот пост значи воздржување од лоши дела и мисли, како и мрсна храна. Ставете го вашето тело на тест за подоцна да уживате во зајакнувањето на вашиот карактер. Целта на оваа „жртва“ е да станеме подобри, посилни и поуспешни.
За време на божиќниот пост, според благословот и упатството на вашиот отец, важно е да се грижите кои денови јадете „со масло“, а кои денови јадете „на вода“.
28 ноември: Првиот ден од постот не е особено строг. Верниците можат да јадат храна зготвена на масло. Добро би било на овој ден да зготвите посен грав, кој ќе ве засити и на тој начин ќе ви овозможи лесно да преминете на посна храна.
29 ноември: Вториот ден од постот се паѓа во среда, а во тој ден е дозволено да се јаде храна зготвена во масло. Наш предлог за овој ден е да зготвите крем супа од зеленчук.
Претходно пропржете го кромидот и морковот, а потоа додајте компири и брокула. Прелијте со вода. Додајте зачини и кога сè е сварено, можете да изблендирате сè со рачен блендер.
30 ноември: Ден за пост „на масло“. Можете да направите посно рижото според ОВОЈ рецепт.
1 декември: Пост на вода на овој ден. Исчистете го телото така што ќе јадете свеж зеленчук или варени компири, а потоа измешајте ги со печени пиперки и посипете ги со свежи ароматични билки.
2 декември, 3 декември и 4 декември: Во овие три дена е дозволен пост на масло и риба. Бидејќи го славиме Воведение на Пресвета Богородица на 4 декември, можете да подготвите богата гозба со салата од скуша и компир.
5 декември: На овој ден можете да подготвите посна салата која вклучува свеж спанаќ, варен компир, свеж кромид, маслинки, маслиново масло и зачини.
6 декември: Ова е ден на воден пост. Ако можете, денес згответе слатка зелка во вода. Додајте кромид, морков, доматна паста и зачини. Кога сè ќе се прокрчка, додајте една лажица брашно за да се згусне.
7 декември: Постот со масло е дозволен, па подгответе си пита со компири што ќе ве засити.
8 декември: Ова е ден на воден пост. Подгответе посни шпагети на вода. Сварете ги шпагетите и оставете ги настрана. Во длабока тава ставете малку сос од домати, па во неа исечкајте ги кромидот и лукот.
Кога кромидот ќе омекне, додајте го изренданиот морков, а потоа сокот од домати, ориганото, солта и бцрниот пипер. Кога сосот ќе проврие, додајте ги шпагетите.
9 и 10 декември: Овие два дена можете да јадете риба. Направете си салата од варени компири и туна, со малку кромид. Вториот ден можете да пржите пастрмка, додека блитвата можете да готвите како прилог.
11 декември: Овој ден се пости на вода. Гответе грав во вода, со зачини.
12 до 15 декември: Пост на вода. Деновиве подгответе шарени салати, јадете печени пиперки со лук, јадете ориз подготвен со спанаќ, но и посни супи.
16 декември и 17 декември: Во овие два дена се јаде риба. Но, бидејќи на 17 декември е Света Варвара, кога се готви чорба, се предлага заедно со манџата да се пропржи и крап. Оваа масна риба ќе ве засити како да сте јаделе мрсно јадење.
18 декември: На овој ден, згответе си супа од зеленчук со додаток на масло.
19 декември: Денеска го славиме Свети Никола. Рибата е дозволена, на скара, чадена или варена.
20 декември: На овој ден се јаде свеж зеленчук и многу овошје. Денот се пости на вода.
21 декември и 22 декември: Денови за храна подготвена во масло, но без риба. Во предвид доаѓаат сите видови чорби и салати, како и посни пити.
23 декември и 24 декември: Можете да јадете риба и морски плодови. Наш предлог е денес да си зготвите рибина супа.
25 декември и 26 декември: Денови за јадење јадења подготвени со малку масло. Пронајдете го нашиот предлог за посна трпеза овде.
27 декември: Денеска постете на вода. Јадете варен компир, ориз со зеленчук сварен во вода.
28 декември: Ден за јадења подготвени во масло. Овде можете да си направите и сарма од орев која ќе ве засити и нахрани.
29 декември: Ден на воден пост. Јадете што е можно повеќе овошје и свеж зеленчук.
30 декември: Набавете си пастрмка или скуша. Со рибата направете богата салата. Денес јадеме риба.
31 декември: Денот кога се јадат јадења готвени во масло. Бидејќи вечерва ја чекаме Новата година, подгответе си богата трпеза со јадења со додаток на масло. Сепак, вечерва не е време за јадење риба.
1-ви јануари до 6-ти јануари: се јадат оброци готвени во масло. Предлог за посни оброци за време на овие денови пронајдете ОВДЕ.